Другиот милион, пак кој две градежни компании го исплатиле на лични сметки на две лица од Меѓународниот Сојуз на Боки 13-ка во голем дел најверојатно е и потрошен.

Објавил: Перо Милчин | 7 септември, 2019 18:30

Кешот од 1,5 милиони евра што Камчев ги даде на Боки 13 и Милевски не е изнесен од земјава!

Фото/Текст извор: ©тв24

Кешот од 1,5 милион евра складиран во ташната со потпис на „Луј Витон“ кој Орце Камчев му го исплатил на Боки 13-ка сеуште е во земјава – тврдат извори од истрагата за ТВ 24.

Според нив парите не се изнесени преку граница, ниту се влезени во финансиските текови. Уверуваат дека наскоро некој ќе „пропее“ каде е кешот исплатен за случајот „Рекет“ со кој бизнисменот Камчев преку Боки 13-ка, и преку обвинител си обезбедувал слобода за случајот „Империја“ на СЈО.

„Кратко е времето да се исперат толку пари. Тие пари уште се некаде во кеш, не се изнесени надвор од земјава, а се уште не се внесени во регуларните текови на финансискиот систем. Тој кеш ќе се најде, ќе каже некој – велат високи извори од истрагата за ТВ 24.

Другиот милион, пак кој две градежни компании го исплатиле на лични сметки на две лица од Меѓународниот Сојуз на Боки 13-ка во голем дел најверојатно е и потрошен.

„Таа трага на парите се губи откако се подигнати од банка во кеш. Но еден дел знаеме каде е, друг дел се бараат, друг дел не можеме да го најдеме, а дел најверојатно е и потрошен бидејќи имаше повеќе време тие пари да се „легализираат“.- велат извори за 24.

ТВ 24 вчера објави дека на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13-ка нема ниту трага од парите, речиси еден милион евра, кои двете градежни компании ги исплатиле на лица од Сојузот за проектите за изградба на европски центри за возрасни лица.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека во финансиските извештаи на Сојузот ги нема 720-те илјади евра исплатени на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска од битолската компанија „Пелистер“ на Силјан Мицевски.

А нема трага ниту од 233-те илјади евра кои легнале на сметката на потпретседателката на Сојузот, Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, од струшката компанија „Дрим Билдинг“. Пари за кои токму Мандиќ преку соопштение тврдеше дека се потрошени за потребите на Сојузот и за двата договора со компаниите.

Сојузот на Боки 13-ка лани ја завршил годината со 11 евра на сметка. Прикажал приходи од околу 3.000 евра кои ги добил од членарини, подароци, донации и потрошил речиси толку за материјални расходи, помош и дотации. Претходната пак 2017 година немал обврска да достави завршна сметка оти имотот и приходите на Сојузот не биле повисоки од 2.500 евра.

Во обвинителството покрај за „Рекет“ има предмет и за овој случај, за кој исказ имаат дадено не само лица од Меѓународниот сојуз туку и функционери, но и бизнисмените, тврдат нашите извори. Сите се под истрага која треба да покаже дали некој од нив ќе се најде на списокот осомничени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...