Тој изјави дека бил известен дека Ким починал пред една недела и дека Пјонгјанг може да ги објави вестите во текот на викендот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2020 16:06

КИМ ЈОНГ УН Е МРТОВ ТВРДИ БЕГАЛЕЦ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА: Ми соопштија дека починал минатиот викенд, по операцијата на срце!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Tanjug, Foto: EPA / JORGE SILVA / POOL

Jи Сеонг-хо, кој пребега од Северна Кореја и беше вработен во парламентот на Јужна Кореја, вели дека е 99 проценти сигурен дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун е мртов и дека неговата сестра ќе ја преземе власта.

Тој изјави дека бил известен дека Ким починал пред една недела и дека Пјонгјанг може да ги објави вестите во текот на викендот.

Според него, можно е во исто време да се објави дека сестрата на Ким, Ким Jo-Јонг е избрана за негов наследник.

Во медиумите кружеа информации дека тој имал итна операција на срцето и потоа бил во „вегетативна состојба“, но тие информации не беа официјално потврдени.

Ји рече дека бил известен дека Ким починал минатиот викенд по кардиоваскуларната операција, пренесува London Mirror.

Тој додаде дека Северна Кореја не ја објавила веста за смртта на нејзиниот водач и прогласила период на жалост, бидејќи се соочува со комплицираното прашање на сукцесија.

Ким не е виден во јавноста од 11 април, кога претседаваше на состанокот на владејачката Лабуристичка партија Политбиро.

Шпекулациите за неговото здравје се засилија откако не успеа да присуствува на роденденската прослава на Ким Ил Сунг, на 15 април, што е голем национален празник.

Светските медиуми оттогаш пишуваат дека здравјето на Ким е нарушено а многумина шпекулираат дека тој е жив.

Во медиумите кружеа информации дека тој имал итна операција на срцето и потоа бил во „вегетативна состојба“, но тие информации не беа официјално потврдени.

На социјалната мрежа „Веибо“ се појави фотографија на Ким во стаклен ковчег, но се уште не е потврдено дали е автентична или е монтирана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дерик е обвинет за убиство од трет степен, а убиството умисла го објави во петокот државниот обвинител од областа Хенепин, Мајк Фримен.

И родената жена го шутна расистичкиот убиец во униформа: Сопругата на полицаецот поради која гори Америка бара развод!

Сопругата на поранешниот полициски службеник во Минеаполис Дерик Човин поднесе барање...

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...