Прекрасна чоколадна Киндер торта.

Објавил: Сара Фемина | 10 февруари, 2019 21:19

Киндер торта

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Најубавата и највкусната торта, која е најголем фаворит во секој дом.

За оние кои обожаваат многу кремасти торти, оваа торта е полн погодок за да ја направите веднаш. 

 

Можете да ја украсите по ваша желба. Киндер јајца се одлична прилика за вашата торта да изгледа ексклузивна.

Состојки :

10 белки

300 г. шеќер

1 лажица оцет

300 г. мелени или сецкани ореви

2 лажици брашно

1 пециво

10 жолчки

1 л. млеко

1 пакетче густин (200 г.)

12 лажици шеќер

200 г. еурокрем

100 г. млечно чоколадо

250 г. путер

150-170 г. бисквити

200 г. прав шеќер

Подготовка :

1. 10 белки ги матиме со 300 г. шеќер добро и потоа додаваме 1 лажица оцет, додаваме 300 г. мелени или сецкани ореви (или пола пола), 2 лажици брашно, 1 пециво и масата ја истураме во плех од шпорет обложен со хартија и печеме на 200 Ц. 

2. Фил* Жолчките се мешаат со 1 пакетче густин и 200 мл. млеко, а остатокот од млекото се става да зоврие во кое сме додале 12 лажици шеќер. Во зовриеното млеко се ставаат жолчките и се вари крем. Го тргаме на страна и го покриваме со целофан да не ни фати кора одозгора и го оставаме да се лади.

3. Ладниот крем го делиме на два дела и во едниот дел ставаме стопено 100 г. млечно чоколадо.

4. На страна го матиме путерот со 200 г. шеќер во прав и го делиме на два дела и го ставаме во двата фила црниот и жолтиот. И двата фила посебно добро ги матиме со миксер.

5. Готовото тесто се дели на 3 дела. 6. Се реди тесто па се премачкува со еурокрем, па жолт фил, врз тоа се става ред бисквити потопени во ладно млеко, па црн фил, па вториот дел од тестото, па се ова истото се повторува и на крај третиот дел од тестото се премачкува со истите филови и на крај се украсува со два разматени шлага.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Рецепти

Фотографиите од специјалитетите на шефот на кујната, Никола изгледаат превкусно, па сигурни сме дека премиерите на двете земји беа презадоволни од специјалитетите.

Погледнете ги специјалитетите кој ги јадеа премиерите Ципрас и Заев- шеф Никола беше одговорен за трпезата !

Шефот на кујната во винаријата „Камник“, Никола Мишковски пред неколку дена беше...