четврток, 24 септември 2020

MK/ EN/ DE



Оваа епидемија се шири брзо, а најризично е во градовите Пекинг и Шангај, со потврдени случаи во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Макао и САД. Кинеската државна комисија за здравство има и докази дека смртоносниот вирус се пренесува со дишење од пациент на пациент.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 9:14

Кинескиот грип коси: Девет починати и над 400 новозаболени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк
Новиот смртонесен вирус Корона кој предизвикува воспаление на Белите Дробови, се пренесува од лице на лице

Денеска Светската здравствена организација (СЗО) ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот и инфекцијата од човек на човек. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и оти вирусот мутира, изјави директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин.

Најпогодена од вирусот е покраината Хубеи, од каде и се сите девет починати. Властите со апел до граѓаните да избегнуваат јавни собири.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат во своите домови за да ја прослават кинеската Нова година в сабота.

Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет, и која исто така потекна од Кина.

Мајк Остерхолм, директор на Центарот за Инфективни болести и истражување на Универзитетот во Минесота рече: „Единствениот причинител што може да го стори тоа, што го знаеме денес, е грипот“.Коронавирусите едноставно немаат пандемски потенцијал. Најмногу, тие можат да предизвикаат повеќе, географски локализирана појава. Но, колку големи и смртоносни може да се појават овие епидемии, се уште е загатка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На почетокот на својот говор, рускиот претседател потсети на значењето на јубилејот - 75-годишнината од уништувањето на нацизмот и основањето на ООН.

ПУТИН ЈА ПОНУДИ РУСКАТА ВАКЦИНА БЕСПЛАТНО ЗА СЛУЖБЕНИЦИТЕ НА ООН: Вакцината треба да биде достапна за сите!

Русија е отворена за партнерство во борбата против вирусот и предлага да се одржи видео...

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

Фаучи: Крајот на пандемијата може да се очекува кој крајот на наредната година!

Ентони Фаучи, угледниот инфектолог , директор на Американскиот национален институт...

„Министерството за здравство на Руската Федерација ја започна постапката за регистрација на вакцината  ’EpiVacCorona’. Процедурата за регистрација се планира да заврши до 15 октомври, се наведува во соопштението.

Втората руска вакцина против Ковид 19 ќе биде регистрирана до 15 октомври

Втората руска вакцина против Ковид 19, изработена од сибирскиот институт „Вектор“,...