Имено, се покажа дека поагресивниот тип на вирус е доминантен во раната фаза на епидемијата во Вухан, кинескиот град каде за прв пат беше откриен Ковид-19 кон крајот на минатата година, објави Си-Ен-Би-Си.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 март, 2020 14:58

КИНЕСКИ НАУЧНИЦИ ПОВТОРНО ШОКИРААТ: Еве колку видови типови на КОРОНА постојат и кој е најопасен(видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Прелиминарната студија спроведена од научници од универзитетот во Пекинг и Институтот Пастер во Шангај, покажува дека постојат два вида на нови вирусни корона и дека поагресивниот тип отпаѓа на близу 70 проценти од видовите, додека 30 проценти го прават еден помалку агресивен.

Имено, се покажа дека поагресивниот тип на вирус е доминантен во раната фаза на епидемијата во Вухан, кинескиот град каде за прв пат беше откриен Ковид-19 кон крајот на минатата година, објави Си-Ен-Би-Си.

Сепак, инциденцата на овој вид вирус се намали од почетокот на јануари. Кинеските истражувачи велат дека студијата сугерира дека развојот на нови варијанти на вирусот е веројатно предизвикан од мутации и природна селекција, како и со рекомбинација, пренесува Танјуг.

„Овие наоди се силна потврда за итна потреба од понатамошни директни и сеопфатни студии со кои се комбинираат податоците за геноми, епидемиолошки податоци и графикони со клинички записи за симптоми на пациенти со коронарна болест во 2019 година (Ковид-19)“, велат истражувачите.

Наодите беа објавени во National Science Review, Journal of the Chinese Academy of Science.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа