Овој закон претставува основна општествена потреба на правдата и правната држава!

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2020 13:11

Кирацовски по гласањето: Во борбата помеѓу правдата и мафијата, конечно победи ПРАВДАТА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11 часот.

Денешната седница започна со гласање за Предлог-законот за јавно обвинителство при што 74 пратеници гласаа „за“, а 32 „против“.

Веднаш после гласањето пратеникот Кирацовски се пофали дека со двотретинско мнозинство се изгласа законот за Јавно Обвинителство, последната неопходна алатка за ефективна и ефикасна борба против организираниот криминал.

Во борбата помеѓу правдата и мафијата, конечно победи ПРАВДАТА!

Пред малку, со двотретинско мнозинство се изгласа законот за Јавно Обвинителство, последната неопходна алатка за ефективна и ефикасна борба против организираниот криминал.

Овој закон претставува основна општествена потреба на правдата и правната држава!
Одиме напред кон Европската Унија, напиша Кирацовски!

На почетокот од Седницата изгласаа само 74 пратеници, по што претседателот Џафери го поништи, бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори.

Мухиќ ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Интегритетот е столб на државата. Најлесно се расипува интегритетот. Не плашете се онаму каде завршува стравот почнува слободата- рече Мухиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...