Кирацоски кога не ја уништува државата со неговите кадрови решенија за сопствено профитерство, како тврди Николова, и се закани, со што се соочи со нејзиниот сопруг

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 10:39

Кирацоски во обид да ја замолчи Николова, се соочи со Буџаку

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Граѓанската активистка, член на шарената револуција и сопруга на поранешниот амбасадор Аргон Буџаку, Николова му одржа уште една лекција на Кирацоски по обидите да ја заполчи.

Имено Мери Николова е една од најгласните активистки на СДСМ и т.н. „шарена револуција“ која се бореше за поголеми права на затворениците, како и за законот за амнестија со кој беа ослободени речиси 1.000 сторители на кривични дела од затворите низ земјата.

Николова на социјалните мрежи, откако претходно жестоко распали по генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски, овој пат распали по самата власт предводена од СДСМ.

Со промените ви се промени животот! Две години на власт а вие повторно фалете некого, се додворувате, не губете надеж, трпете лаги и примате ветувања секој ден. На пример Кирац мува не го лази, ви ја крои судбината. На кадровикот ако му згрешиш одма закани ти праќа , нема работа за тебе… аман бе, до вчера на пресови во плетено џемперче се појавуваше сега од костим не излегува.

До кога бе ќе трпите такви како него и Цветанка. А овој па Филипче само тендери гледа тапка во место, суше лаже. Абе дај мењајте нешто за да не ве смене народот сите. Опасноста е голема ако граѓанското движење се крене на нозе. Шансите се големи да осетите што тоа граѓаните можат без партиите. Доста ни е да живееме во партизирана држава. Вие се тепавте во собрание и си се помиривте, сега е ред ние да се помиреме, сите кои се разделивме поради лажни политики и живот за сите. – напиша Николова.

Инаку таа претходно објави и статус во кој го нападна и Кирацоски кој јавно изјавил дека ќе ја тужи.

Не е лошо што ќе ме тужеш, прашањето е зошто ќе ме тужеш? Вистината е како земјотрес а тебе тоа ти фалеше, некој јавно да те освести. Шетај Кирац, удави се во твоите лаги! Ти си празен фишек и голем преварант, желен за слава и профитерство… Знаеш што рече еден директор за тебе “релативно млад”, “требало да леташ од секретар”, прашај го ќе се увереш а јас ќе ти го приложам сниманиот доказ. – стои во постот на социјалните мрежи на Николова. 

Од партиски извори дознаваме дека Кирацоски има толеранција за исказите на Николова затоа што имал блиска средба со нејзинот сопруг, актуелен директор на националниот центар за справување со кризни ситуации, Агрон Буџаку, кој по обидите на генералнот секретар на СДСМ да ја замолчи Николова, само појаснил дека некои дами гледаат ТВ серии за забава, Кирацоски е забавата за Николова и дека тоа е факт со кој мора да се помири.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...