Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор.

Објавил: Сара Фемина | 22 август, 2019 20:44

Кирил Колемишевски нов заменик-министер за економија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неофицијално, Алсат дознава дека на вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик министер за економија, премиерот Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски.

Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор.

Актуелниот заменик во ресорот на Крешник Бектеши, Кире Наумов ја напушта функција и заминува на друга позиција.

Кирил Колемишевски беше именуван за вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на банката, информираше банката преку Македонската берза.

Oдлуката, како што беше соопштено, беше донесена на седницата на Надзорниот одбор на банката одржана на 15 мај.

Мандатот на Колемишевски почна на 15 мај и со согласност од Народната банка тој постана главен извршен директор на банката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На самитот Ѓоргиевска, како што соопшти Кабинетот на претседателот, говореше на тема „Сексуално и репродуктивно здравје и права: основен елемент на универзалното здравствено покритие“.

Првата дама се обрати на Најроби Самитот: „Верувам во еднаквост на сите луѓе и на сите жени“

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во Најроби,...

Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го...

При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината. Истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство, посочија од Инспекторатот за животна средина.

Се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“, опасните хемикалии под надзор

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во...