Македонија
Економија
Поранешниот новинар актуелен директор на Телма телевизија, Атанас Кировски преку социјалните мрежи го коментираше зголемувањето на даноците, кое го воведува Владата.
Прогресивниот данок и покрај сите укажувања од страна на јавноста на бизнис заедницата и на граѓаните дека тоа во овој момент за Република Македонија е погрешна мерка сепак ќе биде воведен, најави претходно министерот за финансии Тевдовски.
Кировски кој важи за близок до политиките на СДСМ, на социјалните мрежи напиша:
Ова со даночнава реформа, е таков автогол на СДСМ за кој изгледа сеуште не се ни свесни. Ќарот во буџетот ќе биде минимален, и бездруго помал и од ситните суми кои ги проектираат, а штетата енормна,
Посебна приказна се даноците на се што оди како приход, па дури и на девизните заштеди над 15.000 денари?!
Постариве луѓе и сиромаштијата што оставила некој денар за не дај боже, да ги даночиш е според маалскиот принцип кого удрам не жалам.
Мислам дека не е лошо уште еднаш да размислат, ама без Тевдовски, човекот е тотално изгубен во времето и просторот. – напиша Кировски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Економија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.