Македонија
Вести
По објавувањето на фотографии на кои се гледа дека во чиста борова шума во близина на населбата Иванидол во Кичево на диво се фрла отпад по што се создава дива депонија, градот и околината повторно не мирува.
Имено, во петокот камион на една кичевска фирма, покриен со церада се обидел да фрла ѓубре во околината на село Попоец. Претходно жителите се имале обратено до општината, но без успех. Еден камион со ѓубре веќе бил фрлен, но вториот успеале да го блокираат и да го вратат.

Од месната заедница истакнуваат дека доколку обидите за создавање дива депонија во оваа недопрена природа продолжат, жителите ќе преземат радикални мерки со блокада на сите фирми кои работат на изградба на автопатот се додека овој проблем не биде решен.
Камион со ѓубре исфлен во близина на село Попоец во обид да се направи дива депонија. Во истиот ден, втор голем протест се одржа во близина на село Цер на кој присуствуваа жители на селата Цер, Велмевци, Прострање, Мало и Големо Црско .
Поводот е ист – обид за создавање нова дива депонија.

На ден 24.08.2018 год ( петок ) по допрен глас дека градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари ќе се обиде без предходна најава, и без никаква направена анализа на теренот да депонира комунален отпад во атарите на селата: Прострање, Цер, Мало Црско, Големо Црско, Велмевци, спонтано се собраа жителите од посочените села изразувајќи го револтот и укажувајќи на недостатоците на постапката од страна на градоначалникот.
Разговорот беше мирен од страна на жителите укажувајќи му на градоначалникот дека нема да дозволат од нивната чиста еколошка средина да се направи простор за одлагање на комунален отпад, со што би настанале несогледиви последици нарушувајќи го биодиверзитетот, а воедно загрозувајќи ги условите потребни за опстанок и живот на и онака мал број на жители.
Жителите посочија повеќе начини за решавање на овој проблем како:
- – отварање на фабрика за рециклирање на комунален отпад во веќе постоечки фабрички капацитети кои не работат, за што градоначалникот се изјасни дека општината нема средства.
- – посочено му беше од чиста еколошка средина да не прави загадена средина туку да продолжи отпадот да го носи на досегашните депонии.
- – посочено му беа веќе исцрпените експлатациони простори на рудникот Осломеј, на што градоначалникот се спротистави дека околните села не го дозволуваат истото и дека тие граѓани атер на градоначалникот предходните 4 години му дозволиле да го депонира отпадот таму.
Посочено му беше да направи договор со другите регионални веќе постоечки депонии во краен случај и со депонијата Дрисла, бидејќи отпадот кој што се создава во Кичево не е во голем обем и истиот би можел несметано и не би преставувал оптеретување, за веќе постоечките депонии, со цел да се сочува најчистиот еколошки простор кој постои во западна Македонија.

Градоначалникот се оправдуваше дека тој мора, тој проблем да го реши, дека нема доволно средства, дека транспортот на сметот во други депонии би ги покачил услугите на комуналното претпријатие и не е сигурен дека тоа би било финансиски издржливо за граѓаните и дека најлесно му било тоа да го прави во близина на градот во околните села, не земајќи во предвид дека ќе се деградира животната средина, дури негативно обраќајки се кон жителите дека во секое село каде се среќавал до нив, скоро сите се правеле стручњаци по екологија и животна средина.
Таквиот однос не ги задоволи собраните жители, изричито му нагласија дека по никоја цена нема да дозволат да се складира комунален отпад во атарите на нивните села, го замолија да се сретнат во наредните денови, да организира јавна трибина во домот на културата во Кичево каде што стручни лица како и заинтересираните жители би дале предлози за решавање на проблемот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.