Зоран Милески – Кичеец денеска треба да се пријави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари“ за да ја отслужи тригодишната затворска казна која ја доби во случајот „Рекет“. Пред дваесетина дена тој го доби упатниот акт од Основниот кривичен суд во Скопје!
Зоран Милески-Кичеец првиот осуден кој во случајот „Рекет” призна вина и доби затворска казна од три години на прашање за ТВ 24, потврди дека денеска ќе се пријави во затвор.
Тој на прашањето дали можеби поднел барање за привремено да ја отслужи казната, рече дека немало такво нешто.
– Ќе се јавам на издржување на казната, барање за одлагање не сум поднел, вели Кичеец за ТВ 24.
Судија за извршување санкции одлучи дванаесети октомври, денеска, да биде неговиот термин за сам да се јави во затворското оделение во Шутка. Ова беше одлучено откако Апелација ја потврди неговата казна затвор.
Кичеец на првото рочиште за случаот „Рекет” во кој обивнети се и поранешната специјална обивинителка Катица јанева и Бојан Јованоски, доби три години затвор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.