
Мода
Женска
Дури и наједноставниот outfit може да се подигне на level up со добри аксесоари, од кои ташните се омилени, за секој од нас.
Без оглед на тоа колку ташнички со различни големини, бои и форми имате, водечкото место во нашиот гардеробер зазема класичната црна ташничка, која може да се носи во секое време и со секоја облека.

Иако трендовите се менуваат многу брзо, девојките со стил можат да ги препознаат парчињата во кои навистина вреди да се инвестира, бидејќи тие ќе бидат многу носени во текот на подолг временски период.
Црната ташничка има подеднакво висок статус на моден класик, како и малиот црн фустан, а може да се носи секогаш, без оглед на моменталните трендови.
Црна ташна, со малку поголема димензија, посебно се носи на дневна основа, кога носите малку повеќе работи со вас.
Освен тоа што се практични за носење, поголемите модели се многу тренди statment парчиња.
Малите црни ташнички се особено погодни за прилики, кога се облекувате нешто поелегано, а мала ташна е само додаток на вашата облека.
Таа ќе направи да изгледате полуксузно, елегантно и женствено, а заедно со црните салонки, ќе претставуваат одлична комбинација за сите важни прилики.
Модa е општ термин за популарен стил, особено за облека, обувки, модни додатоци, шминка, или мебел. “Мода” се однесува на еден специфичен, но сепак,често вообичаено тренд во врска со тоа како изгледа и се облекува еден човек, како и преовладувањето на стиловите во однесување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.