
Македонија
Анализа
Во својата редовна колумна во “Нова Македонија“, политичкиот аналитичар Сашо Клековски дава свое видување за победата на кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател, но и за предизвиците со кои владеачката партија ќе треба да се носи со ваквата апсолутна власт. Дали СДСМ ќе направи суштински реформи и ќе ја плати цената со губење на власта на следните избори, или ќе примени методи на за авторитарно владеење:
За СДСМ победата е горчлива. Настрана сликата за зависноста од Али Ахмети и ДУИ, за СДСМ резултатите се горчливи поради значајниот пад на поддршката. Површна споредба на резултатите од локалните избори покажува значаен пад во повеќето поголеми градови. Споредбата со референдумот за Преспанскиот договор, пак, може да се толкува дека падот на поддршката не се должи на промената на името, ниту пак на личноста на кандидатот (Пендаровски беше меѓу двајца-тројца кандидати со најдобри рејтинзи), туку во незадоволството со прашањата како економијата, здравството, образованието итн., односно незадоволството со Владата и градоначалниците.
Особено доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ годинава, и доколку не се подобрат економијата и клучните сектори како здравството, образованието и инфраструктурата, СДСМ ќе се соочи со понатамошно намалување на поддршката. СДСМ со целосна власт во своите раце, со можен пад на поддршката, ќе се соочи со предизвик да ја прифати одговорноста и да ги загуби следните избори, или да не ја прифати одговорноста и да започне со авторитарно владеење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.