Тој посочи дека кинеските научници се занимаваат со откривање на прашањето дали вирусот настанал по природен пат а СЗО е повикано само да учествува во истражувањето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 10:19

Клуге: СЗО уште не знае дали коронавирусот настанал по природен пат!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СЗО се уште не располага со целосни податоци за потеклото на коронавирусот, нагласи  регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Хенри Клуге.

Коронавирусот сее страв низ светот. Се уште не е испитано дали ова е вирус направен во лабораторија ако што тврдеа многумина, или пак е вирус кој настанал по природен пат, и навистина потекнува од пазарот во Вухан.

Тој посочи дека кинеските научници се занимаваат со откривање на прашањето дали вирусот настанал по природен пат а СЗО е повикано само да учествува во истражувањето.

-Сето тоа е во тек, секако, и е нешто што е многу важно да го дознаеме. Но не можам да кажам ништо повеќе бидејќи не сакам да го загрозам овој многу важен процес. Најважно е дека ние сме дел од тоа, рече Клуге во интервју за руската агенција Тасс. 

Експертот на СЗО рече дека проблемот е што пандемијата ги затекнала неподготвени и посочи дека е прашање на време кога ќе се појави нова.

-И оваа ја предвидовме, но повторно не затекна неподготвени, наведе тој, додавајќи дека нова пандемија секако ќе има, но сите ние треба подобро да бидеме подготвени за неа.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Додека пак црногорската влада одлучи од денеска да ги затвори угостителските објекти во уште пет општини Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак.

Словенија денеска ќе прогласи состојба на епидемија

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена...

Американците веруваат дека ќе успеат „да ја спроведат старата политика на распарчување на руската економија“ и да победат во трката со вооружување.

Напнати односи помеѓу САД и РУСИЈА: Рускиот амбасадор во Америка – Тие се убедени дека можат да ја разбијат нашата економија

САД се убедени во способноста на Вашингтон да ја „разбие руската економија“ и да победи...