Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете!

Објавил: Стојче Бушин | 1 август, 2020 13:15

Клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ. Да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете;

Ограничување на бројот на посетители на плажа до максимум 15 посетители на 100 м²;
Задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори;
Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби;
 Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра;
 Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети;
Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто);

При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, посочува таа.

Директорката на ДЗСИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на КОВИД-19

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), Ирина Бухова...

Министерот Филипче изјави дека дел од стратегијата е удвојување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Тој вели дека вакцината нема да биде задолжителна, но тоа е важна мерка за заштита против Ковид 19, особено за луѓето од најранливите групи!

Филипче: Ќе се удвои бројот на бесплатни вакцини против сезонски грип

Зајакнување на болничките капацитети, брзо тестирање, зголемување на медицинскиот...

Ќе забележите дека комарците помалку ќе ве напаѓаат ако редовно консумирате зеленчук и овошје, и ако го сведеме на минимум јадењето на храна богата со спорни киселини, што ги содржи секоја преработена храна, како што се млечни производи и месо.

ДОКТОР НЕСТОРОВИЌ ОТКРИВА: Еве како да се заштитите од комарците- оваа храна не треба да ја јадете!

Општо познато е дека комарците се хранат со човечка крв. Но, како што тврди пулмологот...

Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски! – порача министерот Филипче.

Обезбедени 61 единица плазма за третман на пациенти со ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19,...