Министерот за здравство, Венко Филипче, предупреди дека нема време за одлагање, ситуацијата со вирусот е сериозна. Тој апелираше мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, итно да се донесат.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 9:08

КЛУЧ ЗА НОЌНИОТ ЖИВОТ: Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од новите мерки кои се на сила, откако вчера Владата ги усвои по препорака Комисијата за заразни болести.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Министерот за здравство, Венко Филипче, предупреди дека нема време за одлагање, ситуацијата со вирусот е сериозна. Тој апелираше мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, итно да се донесат.

„Пратениците да покажат одговорност и што побргу едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство за важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментот веќе се во сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зaшто со него само ќе губиме, вели Мицкоски!

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да...

Оваа година Град Скопје има предвидено 2 милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ! Град Скопје ги...

Во овој предмет обвинет е и поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски. Никола Груевски не е на листата и за него истрагата е прекината откако побегна во Будимпешта.

ЗАЕВ ЗА 27 АПРИЛ: ВЕЉАНОСКИ, РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ НЕ СЕ ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Никола Груевски бил главниот организатор на 27 април, а не Миле Јанакиески, Спиро Ристовски,...