
Македонија
Култура
При својот престој во Будимпешта, изгледа поранешниот премиер решил да заработува, па пред извесно време објави книга ,,Искуства за иднината” која може да се најде во издавачката куќа „Ѓурѓа“.
Во тек е саемот на книгата каде може да се најде и книгата на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, и за големо изненадување книгата се продава уште од првиот ден.
– Има многу заинтересирани. Ја купуваат. Некои земаат и по пет примероци. Имаме мал проблем затоа што немаме пос-терминал, па не може да наплаќаме од картичка, но се враќаат со кеш и земаат по неколку примероци – велат на штандот на „Ѓурѓа“ за Независен Весник.

Книгата всушност претставува докторски труд на Никола Груевски на тема : „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За сега книгата на екс премиерот е испечатена во 1.000 примероци. За својата прво објавена книга Груевски се пофали и на Фејсбук.
„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа „Ѓурѓа“. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“. Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во време на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе половина година имам статус на личност со доделен политички азил како политичко прогонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедување и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на
докторскиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата. напиша Груевски на Фејсбук.
Инаку Саемот на книгата се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“ а ќе биде отворен за посетители до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот, а учествуваат околу 70 издавачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.