Како што објаснуваат од Министерството за Фокус, компанијата имала лиценца како правно лице, врз основа на која обезбедила и таканаречен извод од лиценца за неколку автобуси, но, истакнуваат од таму, друштвото немало ваков извод од лиценца за автобусот кој изгоре во Бугарија!

Објавил: Сара Фемина | 25 ноември, 2021 6:14

Кобниот автобус требало да го контролираат и Царината и Инспекторатот

Фото/Текст извор: ©магазин/фокус

„Беса Транс“ имала лиценца како правно лице и извод од лиценца за неколку автобуси, но не и за оној што изгоре во Бугарија, анализира Фокус!

Одговорност за автобуската несреќа мора да има и ќе има, каде и да е направен пропустот, најавува Благој Бочварски, прв човек на Министерството за транспорт и врски, кое е надлежно за издавање на лиценците за меѓународен превоз, а ваква лиценца имала агенцијата „Беса транс“, чиј автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и изгореа 45 патници.

Како што објаснуваат од Министерството за Фокус, компанијата имала лиценца како правно лице, врз основа на која обезбедила и таканаречен извод од лиценца за неколку автобуси, но, истакнуваат од таму, друштвото немало ваков извод од лиценца за автобусот кој изгоре во Бугарија!

„Компанијата поседува уредна и комплетна документација како правно лице и за автобусите за кои добила извод од лиценца, што оди во пакет со сертификат за возач. Но, немала ваков извод за автобусот кој изгоре, а како автобусот возел и поминувал на граница без ваква лиценца треба да одговорат други институции“, велат од Министерството.

КАДЕ ЛЕЖИ ОДГОВОРНОСТА?

Инаку, автобусот без неопходната лиценца поминал три држави на пат кон Турција, без притоа цариниците на граничниот премин да утврдат дека границата ја минал автобус кој не смеел да биде учесник во слободен сообраќај. Ниту Државниот инспекторат за транспорт, кој има надлежност и овластувања за врши контрола на транспортерите, не успеал да го лоцира спорниот автобус.

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини одговорноста ја префрла на Царинската управа, истакнувајќи дека оваа година на агенцијата и биле направени четири вонредни инспекциски надзори, при што утврдиле само непочитување на ковид протоколите, додека автобусите што ги прегледувале имале комплетна документација, лиценца, извод од лиценца, сертификат за возачи.

-Прашањето е кога е купен автобусот, дали работел цела година, колку време работел – тоа треба да го каже Царинската управа зашто таа води таква евиденција. Ако авотбусот немал извод од лиценца, Царинската управа требаше да му забрани излез од Севрна Македонија, вели Хусеини.

Царината пак соопшти дека од рано утрово секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на Граничниот премин Деве Баир за да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез од државава.

-Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин. За наодите од контролата јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти Царинската управа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Во Европската комисија Маричиќ одржал работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на кој му ги претставил реформите што во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

Бугарија најави вето, Македонија очекува разговори

Министерот Бујар Османи најави дека во декември активно ќе се бараат решенија за спорот...

Солиден резултат имаше Левица која собра над 50.000 гласови а коалицијата на ЛДП и ДОМ дебитираше на избори со близу 25.000 гласови.

Анализа: Колкава е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на првиот круг од локалните избори?

Нешто помалку од 50.000 гласа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во збирот на гласовите...

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Во кафеана на маса може да седат колку сакаат гости – се укинува ограничувањето

Владата на Република Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно...

Овие податоци се објавени од Државната изборна комисија, а се однесуваат до 11 часот на обработени податоци од 94,80 проценти од избирачките места.

Еве каде има најголема, а каде најмала излезност

179.188 граѓани го оствариле своето гласачко право до 11 часот на локалните избори кои...