Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски учествуваше на настан во организација на ЗЕЛС, по повод јубилејот 50 години.
Во своето обраќање премиерот Ковачевски зборуваше за поддршката на Владата кон општините, за важноста од соработката на сите чинители централна, локална власт, како и за поддршката на ЕУ и САД во градењето на демократските капацитети за просперитет и економски напредок.
На свечениот настан свои обраќања имаа и Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД, Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегација ЕУ, како и претседателката на ЗЕЛС, Данела Арсовска.
Во продолжение, обраќањето на премиерот Ковачевски во целина:
„Најнапред дозволете ми да го честитам јубилејот 50 години на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС.
Ми претставува чест и задоволство што денес сме сите заедно, со цел да дадеме јасен сигнал за важноста на соработката на централната и локалната власт, на поддршката на ЕУ и САД во градењето на демократски капацитети за просперитет и економски напредок.
Владата силно го поддржува рамномерниот регионален економски развој и затоа реализираме инфраструктурни проекти за подобрување на условите за живот во општините, како и проекти кои ја зголемуваат нивната финансиска независност.
Развиени општини значат силна економија.
Во таа насока уште во 2018 година со 50 милиони евра им се помогна на општините да сервисираат 50% од својот долг, со цел да се ослободи развојниот потенцијал на општините кој со години се таложеше во долгови и блокирани сметки.
Сега се имплементираат трајни законски решенија за системска функционалност и самостојна работа на општините за финансиска независност, градење капацитети и услови за привлекување нови инвестиции за економски развој.
Со измените во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ја зајакнуваме децентрализацијата и овозможуваме максимално можен трансфер на надлежности од централно на локално ниво.
За таа цел се реализира реформа за унапредување на фискалната децентрализација преку три главни столба и тоа раст на приходите на општините, отплата на долговите, како и домаќинско, транспарентно и отчетно работење.
Инфраструктурните проекти за општините се од големо значење, затоа Владата со ТАВ програмата реализира инфраструктурни проекти низ целата држава, во скоро сите општини.
Поточно, се реализираат 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните со вкупна вредност од 49,7 милиони евра.
Дел од проектите се завршени, дел се во завршна фаза и треба да бидат реализирани во 2022 година, а крајниот рок за завршување на сите проекти е 2023 година.
Тоа се реални проекти кои Владата ги реализира за секојдневните, реални потреби за граѓаните, како уредување на водоводни мрежи, речни корита, училишни згради, младински центри, патишта за поврзување, домови на култура и ред други инфраструктурни проекти поддржани и промовирани од градоначалниците на сите општини.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.