Колегите се простуваат од Димовски!

Објавил: Перо Милчин | 11 јуни, 2023 13:22

Ковачевски: Димовски остави неизбришлива трага во синдикалното движење која ќе биде пример за посветена и успешна работа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Димитар Ковачевски изрази сочувство по повод смртта на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во објава на својот фејсбук-профил, претседателот на Владата посочува дека посветеноста на Димовски во борбата за правата на работниците беше исклучителна, а неговата вклученост во синдикалното и работничкото движење, како што вели, остави неизбришлива трага која и понатаму ќе е пример за посветена и успешна работа.

Со огромна жал ја примив веста за прераната смрт на Дарко Димовски, претседателот на ССМ. Изразувам најдлабоко сочувство до неговото семејството, колегите и пријателите. Со неговата отвореност, прагматичност и подготвеност за дијалог успеа да направи историски исчекор и напредок кој и во годините кои доаѓаат ќе обезбеди подобар квалитет на живот за сите работници во државата. Слава му!, напиша Ковачевски.

Од Синдикатот информираа дека Дарко Димовски почина по кратко боледување на 45-годишна возраст. 

Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, соопшти денеска ССМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...