Претседателот на Владата и на владејачката партија негираше дека има поврзаност меѓу враќањето на Заев и ескалацијата на односите меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Ковачевски негираше и дека од Груевски добил материјали на уесбе!

Објавил: Перо Милчин | 4 октомври, 2023 6:59

Ковачевски за враќањето на Заев во СДСМ: Не му ја чувам партиската фотелја

Фото/Текст извор: ©360

Премиерот и претседател на СДСМ вели дека во партијата сѐ уште не била отворена ниту дискусијата кој ќе биде претседателски кандидат, како и дека за тоа има пропишана статутарна постапка. Како што нагласи, за ова прашање ќе има консултации и со коалициските партнери!

Според Ковачевски, средбата на која присуствуваше Заев, а по чие завршување имаше само кратка објава на социјалните мрежи и неколку фотографии, била показател дека СДСМ е отворена партија за секого, без разлика на која позиција се наоѓа во државата!

Претседателот на Владата и на владејачката партија негираше дека има поврзаност меѓу враќањето на Заев и ескалацијата на односите меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Ковачевски негираше и дека од Груевски добил материјали на уесбе!

Во СДСМ никој никому не чува фотелја, затоа што претседател на партијата се избира преку гласање од страна на сите членови, рече премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител.

Една од темите што се отворија во разговорот беше враќањето на поранешниот лидер Зоран Заев во партијата, на координативен состанок на т.н. стратешки тим на партијата, што беше проследено со голем интерес во јавноста. Ковачевски негираше дека зад таа средба се крие нешто повеќе од она што беше објавено.

„Се работи за состанок на кој беа присутни партиски другари. Јас пред да бидат претседател на СДСМ бев член на Извршен одбор во кој беше претседател Зоран Заев, сум бил во Извршен одбор кога била претседател Радмила Шеќеринска, но и кога бил Бранко Црвенковски“, рече премиерот.

Според Ковачевски, средбата на која присуствуваше Заев, а по чие завршување имаше само кратка објава на социјалните мрежи и неколку фотографии, била показател дека СДСМ е отворена партија за секого, без разлика на која позиција се наоѓа во државата.

„Јас од прв ден се држам до тоа. Доколку ја погледнете сликата од самиот состанок ќе забележите дека таму на масата имаше тројца премиери всушност, еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешни генерални секретари, потпретседатели, луѓе кои имаат големо искуство во обавување на партиски функции и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следи како активности, меѓутоа клучната цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки во државата, а во насока на зачленување на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година“, појасни лидерот на СДСМ.

Тој додаде и дека партијата ги засилила своите активности во изминатиов период. Заменик-претседателката Сања Лукаревска ги предводела комисиите што ја подготвуваат програмата, а совети делела и поранешната претседателка и заменик-претседателка Радмила Шеќеринска, која Ковачевски ја нарече „исклучително искусна и успешна во меѓународната политика“.

За да ја појасни дилемата кој го води СДСМ, тој потсети на процедурата како се станува партиски лидер.

„За да станете претседател на СДСМ се организира гласање на кое секој член има право да гласа. Јас сум избран за претседател со над 40 илјади гласови од членовите на партијата. Кога ќе заврши мојот мандат, нормално, повторно ќе има избори, ќе се бира претседател и партијата продолжува да функционира“, додаде Ковачевски.

Другото прашање што во јавноста го предизвика појавувањето на Заев, како што кажа водителот, е дали тој ќе биде кандидатот на СДСМ за претседател на државата. Ковачевски на ова одговори дека таа дискусија воопшто не била отворена во СДСМ досега и дека партијата има пропишана статутарна постапка како се предлага и се утврдува претседателски кандидат. За тоа, како што нагласи, ќе има консултации и со коалициските партнери.

„Победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција. Со оглед на тоа што ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, дека не сме водени од дневна политика, дека не сме водени од личен интерес, туку напротив, СДСМ и коалиционите партнери, а тоа секогаш го кажувам бидејќи и тие се дел од носењето на одлуките, ги донесовме најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на нашата држава. Сетете се и на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор и на влегувањето во НАТО и на заклучоците во Собранието за усвојување на Преговарачката рамка, отпочнувањето на преговорите и првата меѓувладина конференција. Тоа се одлуки кои ги донеле СДСМ“, рече Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Постапката на Битиќи за Мицкоски е без преседанс, а неговото однесување го отцени како некултурно и дрско, кое говори за карактерот на човекот кој е платен со народни пари.

Мицкоски до Ковачевски: Ако не го разрешиш Битиќи, само ќе потврдиш дека си обичен измеќар на други интереси

 Слободата на говорот е загарантирано уставно право и ги охрабрувам новинарите...


ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани
22/06/2023 - 08:28471
Од: А1он
SHARE
САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ. САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
– Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот. Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ? САД потврди дека ДУИ е криминална. Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат. ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури. Бараме сериозна реакција од институциите се вели во соопштението од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани! САД го...