
Живот
Интервју
За војната во Украина и последиците што ги носи, премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за „То вима“, вели дека силно ја осудува руската инвазија, а војната треба веднаш да запре истакнувајќи дека „во 21 век разликите се решаваат на цивилизиран начин“.
Премиерот Ковачевски додава дека во време на глобализација и меѓусебна поврзаност „ниту една земја не е изолирана и сите сме повеќе или помалку поврзани и ги трпиме последиците“, а Северна Македонија не е исклучок.
Премиерот Ковачевски објаснува дека Владата подготвено и веднаш реагирала за справување со ценовните шокови со над 600 милиони евра мерки за помош на граѓаните и ранливите категории.
Во однос на енергетската криза, вели дека Северна Македонија како и други земји од Западен Балкан ќе бидат вклучени во платформата за заедничка набавка на течен природен гас (LNG) и водород, по заедничкиот договор САД-ЕУ, истакнувајќи дека солидарноста во време на глобален предизвик за нас е исклучително важна.
„Нашата соработка со Грција за диверзификацијата е уште едно важно прашање. Двете Влади потпишаа договор за развој на интерконектор за гасовод. Причината за изградбата е зајакнување на односите меѓу Грција, Северна Македонија и ЕУ, олеснување на трговијата со природен гас меѓу двете земји и олеснување на натамошниот развој на мрежата за пренос на гас во нашата земја. Една од предностите на гасоводот е сигурноста на снабдувањето и ликвидноста на пазарот, како и снабдувањето со гас од Јужниот коридор. Изградбата ќе започне годинава, согласно процедурите. Дополнително, ќе се зајакне нашата енергетска инфраструктура и долгорочната стабилност на снабдувањето, а ќе се намалат трошоците за граѓаните и бизнисите, бидејќи ќе имаат пристап до поевтина енергија“, вели премиерот Ковачевски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.