Тој уште еднаш нагласи дека иднината е во т.н. зелена енергија и во обезбедувањето енергетска независност.

Објавил: Сара Петреска | 16 ноември, 2022 11:58

Ковачевски: Очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото и брашното до 10 проценти

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

– Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената струја очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти до 10 проценти и да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На заедничката прес-конференција по средбата со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, тој уште еднаш подвлече дека ЕУ се покажа како партнер од доверба и ги исполни своите ветувања, а последната поддршка што ја доби земјава од Унијата е грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската и економската криза.

Оваа поддршка доаѓа зашто ЕУ препозна дека сме одговорна Влада која одговорно менаџира со Буџетот. Токму со тој пристап изминатиот период можевме да ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме двапати антикризни мерки за заштита на најранливите категории на граѓани и за заштита на компаниите во износ од 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност за компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедиме 80 проценти субвенционирана струја, како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата, истакна премиерот.

Со таквото одговорно однесување, додаде Ковачевски, изминатиот период се обезбеди и зголемување на минималната лата на 18 илјади денари, зголемување на пензиите, на платите во образованието, во полицијата, здравството!

Со истиот овој одговорен пристап, но и визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостиг на енергенси. ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор. Јас често пати зборувам за големите енергетски стратешки проекти кои во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство, а еден од најголемите меѓу нив доаѓа токму од Франција – АКУО, кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400 мегавати во регионот на Штип, подвлече премиерот.


Со правилна поддршка и правилно менаџирање јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во храм на зелена енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но да го снабдуваме регионот со струја од обновливи извори. Ова е иднината и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места и ќе ни донесат подобра заедничка иднина, рече Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите и незаконски беше разрешена експретседателката Весна Дамева.

Со овие зборови судијката Мирјана Радевска-Стефкова ја образложи оставката на денешната седница, на која покрај нејзината, советот ја констатираше и оставката на судијата Зоран Герасимовски, кој рече идеолошките поделби со дел од членовите на советот се една од причините за оставката.

По прифаќањето на на оставките, советот формираше комисија за избор на нови членови на која за претседател го избра членот Ханиф Зендели. Токму Ханиф Зендели пак, на предлог на членот Ивица Николовски денеска беше избран за нов потпретседател, откако неговиот претходник Селим Адеми си поднесе оставка по контроверзното разрешување на Дамева. Со девет гласа за и еден против на чело на советот застануваат двајца судии, а новоизбраниот Зендели рече дека советот и во иднина треба да работи како поддршка за сите судии.

Оставките на Герасимовски и Радевска-Стефкова доаѓаат по во време кога холандскиот амбасадор во земјава го нарече советот нелигитимно тело, а претседателот Пендаровски изјави дека советот со овој состав се посрамотил во јавноста.

Советот изминатите месеци постојано е мета на скандали, па по контроверзното разрешување на Дамева следуваа бројни превирања, а неодамна и двајца членови на советот пријавија дека некој им претурал по работите во канцеларијата, инцидент за кој истрагата и натаму е во тек.

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател во Судскиот совет

Судскиот совет работи нетранспарентно, судиите се избираат без почитување на ранг-листите...

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

- Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На денешниот брифинг со новинарите, стручни лица разјаснуваа дилеми околу разрешувањето на Јовев, што предизвика реакции во јавноста.

Меџити беше прашан што ќе биде со економскиот директор.

- За организациониот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор, појасни министерот.

На новинарско прашање за неговата заменичка, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, Меџити одговори дека нема да коментира изјави на други лица.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер.

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Меџити во понеделникот го разреши Јовев од должноста директорот на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, поради како што изјави вчера „утврдени нерегуларности во работењето“, нагласувајќи дека нема политика во неговото разрешување.

Јовев од своја страна вчера побара преиспитување на одлуката за негово разрешување, истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

- Да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа Клиника се успеси на државата и на Министерството за здравство, порача Јовев.

Апасиев: Јовев е разрешен затоа што е Македонец

Во врска со разрешувањето на д-р Јовев од функцијата директор на Кардиохирургија, коментар...