Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.
“Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.
Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град.
Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, сакам да изразам длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје, и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.
Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.”
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.