Двајцата соговорници на средбата изразија големо задоволство од континуираниот развој на пријателските односи кои се рефлектираат и во економската соработка и трговската размена.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 март, 2022 18:41

Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, за време на неговата работна посета на Брисел за учество на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

Двајцата соговорници на средбата изразија големо задоволство од континуираниот развој на пријателските односи кои се рефлектираат и во економската соработка и трговската размена.

Двајцата шефови на влади ги нагласија заеднички споделените ставови во однос на воената агресија на Русија во Украина, при што премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија согласно целосната усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Брисел.

Премиерот Димитар Ковачевски го информираше канцеларот Шолц за напредокот во дијалогот со Бугарија кој има за цел да го деблокира процесот за свикување на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Брисел за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и дека граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Вести

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј.

Поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската...

години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април, Јане Ченто за првпат е на слобода. Тој доби слободен викенд.

dobivaj vesti na viber
Јане Ченто беше пречекан од голем број негови пријатели од Прилеп кои се собраа да поразговараат со него.

Вилијам Михајловски на својот Фејсбук профил објави фотографија со баба му и напиша дека таа го дочекала да го види и ќе го дочека и кога конечно ќе излезе на слобода.



Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега претседателка на Уставниот суд.

„Лично сакам вие судијке Кацарска и овој совет да ме судите, а не политичките елити кои го донесоа законот за селективна амнестија. Сакам да кажам дека доверба имам само во вас, зашто најмногу вие сакате да се дознае вистината за овој настан и да има правда. Точно е дека сме влегле во Собранието понесени од емоции, ама треба да се утврди точно кој што направил. Но само вие имате право да не судите и никој друг, а најмалку политичарите, и тоа во недокрај завршена постапка. Време е да докажеме како држава дека има владеење на правото. Јас нема да поднесам барање за амнестија, вие судете ме и кажете дали сум виновен или не”, рече Ченто, кој беше еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието во декември 2018 година. Амнестијата ги опфати тогашните петтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски.

Амнестирани беа и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен и Владо Јовановски. Игор Дурловски, кој беше во оваа група, воопшто и не побара амнестија, но доби ослободителна пресуда која потоа ја потврди и Апелација.

Со амнестијата се спасија и: браќата Стефан и Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски.

Покрај 15 обвинети во овој предмет, амнестирани беа уште 10 други лица опфатени во помалите предмети кои се однесуваа на учество во толпа.

Јане Ченто и Вили Михајловски по шест години во затвор прв пат добија слободен викенд

По 6 години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април,...