Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2020 6:07

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ во Македонија да се да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

„Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.
 
Затоа, за да ги „зачуваме“ митовите за „првата пушка“ и целата митологија, но и да бидеме барем малку пообјективни кон историските факти, предлагам на владата во Скопје сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“.

За да се избегне гневот, можат да се направат неколку споменици во западна Македонија на „италијанскиот фашистички окупатор“.

Јас дури предлагам темата да се дискутира со германските власти што е можно побрзо, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија“, напиша Ковачев.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од редовите на владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, неодамна излезе со коментар за прославата и честитката на премиерот Зоран Заев по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нарекувајќи ги провокација кон Бугарија.

„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? Србин убива Бугарин, татко на три деца и родина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“, напиша Ковачев на Фејсбук, споделувајќи линк од македонски медиум во кој е објавена честитката на премерот Заев за денешниот празник.

Коментарот на Ковачев доаѓа во период кога се очекува усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и закажување на првата Меѓувладина конференција за старт на преговорите со ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини, реле Мицкоски на протестот!

Мицкоски: Оставка на Заев, слобода на народот- да ја ослободиме Македонија

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се обрати од пред Владата, на протестот...

Проблемот со историјата е во тоа што погрешните и лажни толкувања на настаните и луѓето имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава говор на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, што за нас е апсолутно неприфатливо“, смета Захариева.

Захариева се закани: Се додека постои говор на омраза во Македонија, ќе биде блокирана од Бугарија!

Бугарија го блокира почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската...

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

Црвенковски го замрзна членството во СДСМ и побара сите да се оградат од ставовите на Заев

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен...

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид на отпад да се одложи во центрите за селекција на отпад на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

ЗА „BLACK FRIDAY“ ОДЛОЖЕТЕ ГО КАБАСТИОТ ОТПАД НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО

Град Скопје оваа година спроведува кампања за правилно одложување на кабастиот отпад...