СДС се црвена буржоазија, која ќе доживее дебакл на наредни избори и нема да се соземат после тоа. Ова е незапирлив процес и следниот судир на СДС нема да им биде со ДПМНЕ, туку ќе им биде со Левица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 декември, 2022 8:03

Ковачески е нелегитимен премиер со анти-македонски и елитистички интереси

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се гледа странско влијание кај премиерот во целата оваа кампања, дури и вордингот им е англо-саксонски, што значи имаат најмено некоја пи-ар агенција која што ја демонизира Левица сите овие месеци наназад.

Меѓутоа што би очекувале од октроиран премиер со фризирана биографија, кој никогаш не излегол на избори. За разлика од Левица, на ниту една листа на пратеници го нема премиерот како понуден на изборите, тој е еден политички анонимус, кој што гледаме дека се сликал и со Груевски. Ковачевски претставува висока класа од тие еден процент најбогати. Во неговиот анкетен лист има три стана, две коли, заштеди во банка од 250.000 евра, приходи од капитал од 65.000 евра и ова се износи кои јас, што живеам само од плата, можам да ги сонувам. 

Токму кога доаѓа американскиот тим за санкции, му се вади афера на премиерот за сопругата, која влегла во бизнис со струја, кога струјата е најскапа во свет. Во секоја нормална држава после таква афера премиерот си дава оставка, но ние не сме нормална држава и еден таков премиер демонизира од другата страна неизвалкани дечки. 

Самото тоа говори дека СДС се многу уплашени од Левица, затоа што ние целиме во прво полувреме да се соочиме дирекно со нив, бидејќи СДС е најголемата анти-македонска партија. И тие и ние се претставуваме дека сме деца на партизаните и на АСНОМ, меѓутоа ние тоа го правиме многу искрено и достоинствено, за разлика од нив кои што спрема странците се сервилни, а спрема македонскиот народ се потценувачки. 

СДС се црвена буржоазија, која ќе доживее дебакл на наредни избори и нема да се соземат после тоа. Ова е незапирлив процес и следниот судир на СДС нема да им биде со ДПМНЕ, туку ќе им биде со Левица.

Апасиев – Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...