-Напорите кои што ги вложивме заедно со народот ја спасија нацијата од асимилација. Победата е наша, бидете горди, затоа што сите вие сте дел од генерацијата која спречи бугаризација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2022 12:21

Ковачки: Ја спасивме нацијата од асимилација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ и народот победија, последниот предлог кој ќе значеше бугаризација на Македонија пропадна, изјави на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, откако премиерот Димитар Ковачевски во Брисел порача дека земјава не го прифаќа францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.

-Напорите кои што ги вложивме заедно со народот ја спасија нацијата од асимилација. Победата е наша, бидете горди, затоа што сите вие сте дел од генерацијата која спречи бугаризација.

Им благодараме на интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и сите други општествени чинители кои што заеднички се спротивставија на предлогот. Димитар Ковачевски, кој сега од Брисел ретерираше, е човекот кој ја донесе Македонија во подредена и срамна положба, на чекор од целосно бришење на идентитетот, јазикот и историјата – рече Ковачки.

Тој додаде дека Ковачевски 6 месеци преговара и го договара овој предлог.

Овој срамен и понижувачки предлог кој директно е на штета на македонските национални интереси. Ова што сега го карактеризираат како неприфатлив предлог пред само месец владата го усогласила. Имено, пред само еден месец преговорите ги преземал тим од МНР на Франција и кабинетот на претседателот на Франција и по усогласување на предлогот во детали, од македонската страна биле побарани забелешки кон текстот – рече Ковачки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...