Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Објавил: Перо Милчин | 25 февруари, 2021 5:09

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно преносливиот Британски сој на Ковид 19, кој е присутен во Охрид, не ја одмина ниту Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Од болницата ја потврдуваат информацијата, посочувајќи дека состојбата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи.

Почитувани, за жал последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од МЗ имаме и официјални податици дека во Охрид и регионот е изразено висока застапеноста на “британската мутација”, која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба, за жал, не не заибиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се тртираа најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед. До нашите пациенти апелираме и натаму да бидат внимателни, да избегнуваат ризчни контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација. – се вели во соопштението на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Претпладнево на Клиниката за урологија е извршена операција за трансплантација на...