Тоа наше „проевропско“ соочување со „митовите“, како што знаеме, е проширено и на периодот на Втората светска војна

Објавил: Перо Милчин | 2 декември, 2021 20:06

Кога Турците беа на летовање со нашите Цвети ороспии

Фото/Текст извор: ©plus info

Или: како самонаречените „прогресивци“ го разбираат „ослободувањето“ од митовите од нашата историја, на патот кон Европската унија, во интерпретација на Љупчо Зиков. На патот кон Европската унија мора да се соочиме и да се ослободиме од митовите од нашата историја. Тврдат силите на таканаречениот „прогрес“. Оној „прогрес“ што се бори против силите на „злото“. Една изострена интерпретација на оваа, колку идиотска толку и комична теза, слушнав во една куса исечка од настапот на Љупчо Зиков на Канал 5 телевизија.

Видов, слушнав и – се вџашив!

Прво да објаснам зошто тезата е идиотска per se.

Да се каже дека една нација може да биде членка на Европската унија, или дел од модерната западна цивилизација воопшто, само ако се „ослободи“ од митологијата, е исто како да се каже дека Грција, на пример, не може да биде европска и цивилизирана земја сèдодека не се откаже од својата античка митологија. Која, патем речено, е светско културно наследство.

Знаете ли што значи тоа?

По логиката на Љупчо Зиков, кој откривадека Цвета од „Македонска крвава свадба“ можеби не била грабната туку „своеволно“ го напуштила Спасе и отишла кај Осман-бег, та дека затоа треба да се соочиме со можноста Војдан Чернодрински да ни сервирал ординерна лага, Грците и сите ние на кои ни е блиска старогрчката митологија, би морале да се откажеме од Хомеровата Одисеја“, бидејќи на сите ни е јасно дека Тројанската војна сепак не се водела за тоа кој ќе ја добие преубавата Елена Тројанска, туку за контрола на важните поморски патишта и за превласт во тогаш познатата светска тровија.

По логиката на самопрогласените прогресивци“ од социјалдемократска провиниенција, Грците и сите ние мора да се откажеме од сите антички митови, легенди и ликови, од Одисеј, Зевс, Посејдон, Прометеј, Пандора, Афродита, Икар и Дедал, од Медеја и од многу други. Бидејќи Зиков имал право да се сомнева дека зад сите тие новели“ (така ги нарекува) можеби се кријат и некои други „сценарија“. Како сценариото за Цвета ороспијата…

Уште повеќе, по логиката на „прогресот“ потопен во чорбестите глави на мудреците на социјалдемократскaтa пропаганда, би моралада се отфрли и индиската митологија. Бездругои христијанската религија, која исто така почива на митови (како и сите религии, впрочем). Тоа што многу од нас, на пример, не веруваат во безгрешното зачнување на Марија, мајката Исусова, според теоријата за „ослободување од митовите“, треба да годоведе под сомневање целиот етички универзум на христијанството.

Инаку, целта поради која прогресивците“, сега во интерпретацијата на Зиков, ни предлагаат да се ослободимеод митот за безгрешната Цвета, која одлучува да умре но да не се потурчи (а да поверуваме во неговата порнхаб-верзија на настанот), е прозаична и многу нечесна. Во истиот исказ Зиков нè убедува дека Турците Османлии во овие краишта биле на „летовање“ (дословно го цитирам „прогресивецов“), претпоставувам заедно со своите Цвети ороспии. И кога биднала таа „ѓурултија“ во Крушево на Илинден 1903 година, Турците го прекинале „летовањето“ и се вратиле во Крушево за да гоугасат“ востанието (дословно го цитирам Зиков, тој вели дека востаниеtо било „угасено“, веројатносо исклучување на продолжниот кабел).

Тоа нашепроевропско“ соочување со „митовите“, како што знаеме, е проширено и на периодот на Втората светска војна. Заевци и неколку другипрогресивни“ идиоти се спремни да поверуваат дека овде во Македонија немало фашистичка окупација туку некаква администрација“ и дека поради тоа на присуството на бугарската држава на овие простори во тие неколку воени години не треба да се гледа како на поробување, туку како на нешто позитивно, нешто што треба да стане дел од нашата „заедничка историја“ за која толку многу се проповеда.

Јас, инаку, не сум слушнал дека деконструкцијата на историските митови е еден од условите Македонија да напредува кон ЕУ. Можеби „прогресициве“ можат да посочат документ во кој е тоа запишано.

Јас верувам во теоријата дека и европските нации по својата суштина се конструкти од 19 и 20 век, формирани врз база на наративи, чии неизбежни делови се и митовите. „Европските нации се плод на историска изградба. Европските интелектуалци од 19 и 20 век им исковаа симбoли, херои и настани. Нациите не се ‘разбудија’ во 19 век за да се ослободат од тиранијата. Тие пред тоа и не постоеја“, вели Ерик Хобсбаум.

Нација која нема митови што заговараатекспанзионизам, хегемонија или лажна виктимизација – а ние несомнено сме таква нација – нема потреба со своите наративи да се „соочува“ цензорски, да се „демитологизира“ поради комплекс кон тие што ја оспоруваат нејзината етногенеза, со страв да не би утре некој европски бирократ да ги ретушира нашите митови и историски наративи, или дека поради нив нема да бидеме примени во друштвото на елитните“ нации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...

Не ми влегува во главата како е можно за само дваесетина дена, она што бил нормален, урбан, секојдневен живот во Киев или Одеса – пазарење по модерни супермаркети, студирање, носење деца во градинки, вечерни забави, туширање наутро, свадби и разводи и безделничење на интернет – наеднаш да се претвори во тотален кошмар со буквална, секојдневна борба за гол опстанок…

Путиновата битка за Киев ќе биде како онаа кај Бородино за Наполеон

Војната во Украина влегува во својата четврта, можеби решавачка, но сигурно најтрагична...

На Али Ахмети му прекипе! Доста му е веќе и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постојано (и со години) да ја обвинуваат ДУИ за вклученост на нејзини функционери и локални и државни раководители во криминали и корупции, да ги озборуваат пред меѓународната заедницa.

На Али Ахмети му прекипе!

„Цврстината“ на функционерските инсталации на ДУИ, во смисла на почитувањето на...