КОДЕКС НА НОВИНАРИ

ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ:


Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од нашиот Устав.

Со почитувањето на одредбите од овој Кодекс се обезбедува зголемена одговорност во работењето, подобрување на квалитетот во давањето услуги и примена на највисоки стандарди и работна етика.

Во согласност со одредбата од претходниот став, сите учесници во уредувањето на порталот магазин.мк се обврзуваат да ги почитуваат темелните начела на професионалното и одговорно работно однесување и работа во која, главно, се вбројуваат:

»  Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист.»  Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија.
»  Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.
»  Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата
»  Професионалност, стручност, доверба и објективност во работењето
»  Политичка непристрасност и неутралност.
»  Новинарот ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.»  Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
»  Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
»  Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
»  Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
»  Новинарот е должен да го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот мора да го заштити.
»  Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.
»  Новинарот е должен да го чува угледот и достоинството на својата професија,
»  Да ја поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
»  Новинарот има право да одбие работна задача доколку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.