Фамозната агенција на СДСМ крши 4 закони, основана е од вработени во МВР, основач е осуденик, нема дозвола од МВР и нема лиценца од Комора за обезбедување а сепак работи

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 14:30

“Код Секјурити Груп” без лиценца ја “обезбедува” пола Струмица

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Агенцијата за обезбедување “Код Секјурити Груп” од Струмица, во која се вработени полицајци од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев, работи на диво.

Факт е дека Министерството за внатршни работи не им издало дозвола за работа а не се лиценцирани ни од Комората за приватно обезбедување на Македонија.

Агенцијата “Код Секјурити Груп” ДОО Струмица е формирана како обично претпријатие и како таква без дозвола веќе обезбедува голем број објекти низ Струмица.

Сепак оваа агенција веќе обезбедува неколку објекти во Струмица, како мобиларници, кафулиња, пицерии, бутици, дискотеки. На сите објекти кои се под нивна заштита стојат залепени етикети со нивното лого.

Како што пред две недели се изнесе во јавноста, “Код Секјурити Груп” ДОО Струмица е најновата агенција за обезбедување под контрола на СДСМ, а во која се директно инволвирани вработени во Шестата управа на МВР.

Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи нема издадено дозвола за приватно обезбедување во вид на давање на услуги физичко обезбедување на правното лице “Друштво за обезбедување на имот и лица “Код Секјурити Груп” ДОО Струмица. – стои во одговорот на МВР.

Сепак, од министерството без одговор на прашањето дали Александар Трајков, познат во јавноста како телохранителот на Заев, кој го придружуваше и пред да стане премиер, потоа Николчо Колев и Стево Трајков, и двајцата исто така обезбедување на претседателот на СДСМ се вработени во полицијата.

Александар Трајков, неофицијално, не е повеќе вработен во МВР, но не е познато дали бил кога била основана агенцијата во јули годинава.

Пред една недела од Комората на РМ за приватно обезбедување изјавија дека “Код Секјурити Груп” не е член на комората, односно дека во нивната евиденција на правни лица на кои им е издадена – односно одземена дозволата за обезбедување нема податоци за агенција за обезбедување “Код Секјурити Груп” ДОО Струмица.

“Код Секјурити Груп” ДОО Струмица крши четири закони. Основана е од вработени во МВР. Има основачи кои биле осуденици. Нема дозвола за работа во дејноста од МВР и нема активна лиценца од Комората за обезбедување на Македонија

Според Законот за приватното обезбедување, дозвола за работа на агенциите им издава МВР, а сите правни лица кои дејноста приватно обезбедување ја вршат во вид на давање на услуги се здружуваат во Комората заради заштита и унапредување на “Код Секјурити Груп” ДОО Струмицастручноста, професионалноста и деловноста и заради заштита на професијата.

Од ова произлегува дека “Код Секјурити Груп” работел, или се уште работи на диво, па практично работите за кои биле ангажирани, односно наплатиле за нивните услуги претставуваат класичен рекет.

Од друга страна, спорен е и ангажманот на полицајците во агенцијата, што е спротивно на Правилникот за работите и дејностите што се во судир со полициските работи.

Тројцата се основачи на агенцијата, а на неколку фотографии на “Код Секјурити Груп” објавени на социјалните мрежи, се гледа дека заедно со останатите вработени се во работните униформи, односно маички со логото на агенцијата.

Заедно со тројцата полицајци, како основач и вработен во агенцијата се јавува и струмичанецот Лазо Котуровиќ викан Д’лгиот, своевремено дел од личното обезбедување на Заев. Тој е повеќе пати осудуван за различни кривични дела, така што е незаконски и неговиот ангажман во “Код Секјурити Груп”.

Според Законот за приватно обезбедување, лиценца не може да добие лице кое е осудено со правосилна судска пресуда или против него се води кривична постапка за кривично дело за кое се гони по службена должност.

И тој заедно со двајцата Трајкови и Колев е на фотографиите, на кои зазема и централно место, но кои за кратко време потоа беа избришани од лицето кое ги објави.

Фамозната „приватна војска” на СДСМ работи како агенција за обезбедување без дозвола

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ванковска важи за гласен критичар на сите владини политики без разлика на партиската припадност, но очигледно актуелната се обиде да ја замочи, барем на социјалните мрежи

Блокиран ФБ профилот на проф. Ванковска

Професорката Билјана Ванковска, гласен критичар на политиките на сите влади, се соочи...

Тодоров смета дека со ВМРО - ДПМНЕ владее структура на УДБА, иста онаа која го постави за министер, Јанчев пак смета дека требало да го пофалат а не да го споредат со Мијалков

Тодоров го исклучила УДБА, Јанчев е само навреден, очекувал пофалби

По синоќешните одлуки на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ за исклучување на партиски функционери...

СЈО и Кривичен, негираат дека Мијалков доставил барање за враќање на македонската патна исправа, но не коментираат за поседувањето важечка од Република Чешка

СЈО и Кривичен со изјави дека не е вратен пасошот на Мијалков, чешкиот не е ни одземен?

По информацијата од партиски извори дека вчера пред ЦК на ВМРО – ДПМНЕ на барање...

Руското МНР посочи дека уцените и заканите врз осум пратеници од опозицијата не може да се наречат манифестирање на демократските вредности при гласање уставни измени

Руското МНР со обвинувања дека осумте пратеници биле уценувани

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД организирале „нефер гласање“...