Законот за употреба на јазиците објавен без потпис на претседателот Иванов повлекува одговорност кај надлежните институции ?

Објавил: Узунов Бобан | 15 јануари, 2019 10:21

Кое кривично дело е сторено со објавувањето на Законот за јазици во Службен весник ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Со објавувањето на Законот за употреба на јазиците без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов направен е преседан што не се памети во државата и се воспоставува пракса со која во иднина како и во овој случај грубо ќе се крши правото и ќе се гази врз Уставот и институцијата Претседател

Со објавата на Законот за употреба на јазиците во Службен весник без потписот на Иванов сторено е кривичното дело по член 353 од Кривичниот законик-злоупотреба на службена положба и овластување.

Во членот од 75 од Уставот е предвидено е дека Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише Указот.

Директорот на ЈП Службен весник Мартин Костовски треба да одговори на јавноста по која законска процедура го објавил Законот за употреба на јазиците во Службен весник без потпис од Претседателот Иванов

Во овој случај, иако претседателот е должен да го потпише указот за прогласување на законот, нема рок до кога тоа да го направи што всушност е џебно вето и правна празнина која не повлекува никаква одговорност за претседателот. Но објавувањето на закон без потпис на претседателот е повреда на Уставот и немањето на потпис од Претседателот го прави тој закон непостоечки.

Во членот 353 од Кривичниот законик предвидено е
службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави Пресинг ТВ, град Скопје склучил договор за набавка на  еден литар лозова ракија и коцки мраз во вредност од 450 денари.

Шилегов купил еден литар ракија и коцки мраз со народни пари

Граѓаните револтирани ја примија веста дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов...

Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

Шилегов: Ми викаат многу работиш ама не знаеш да се фалиш!

На денешниот завршен настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“ градоначалникот...

Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Спасовски: За мене е поважен интегритетот на граѓаните отколку дали ќе бидам технички премиер!

“За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како...