Сите 120

Објавил: Калина Мартинска | 10 мај, 2024 10:17

Кои се народните избраници во новиот парламентарен состав?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводеше коалицијата „Твоја Македонија“ е апсолутен победник на парламентарните избори, освојувајќи 58 пратенички места.

Оваа се имињата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои обезбедија место во Собранието. Дел од нив нема да станат пратеници, бидејќи ќе имаат други функции, а на нивно место ќе дојдат следните на листата.

Од Изборната единица (ИЕ) 1 партијата и коалицијата освои 10 мандати: лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој се очекува да биде новиот премиер, Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димовски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева и Иванка Василевска.

Од ИЕ 2 – 8 мандати: Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски и Бране Петрушевски.

Од ИЕ 3 – 14 мандати: Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор
Здравковски, Никола Коњановски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски и Драгана Арсова.

Од ИЕ 4 – 13 мандати: Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков и
Билјана Кузманоска.

Од ИЕ 5 – 10 мандати: Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска и Грација Бакраческа.

Од ИЕ 6 – 3 мандати: Дафина Николоска, Александар Велјановски и Валентина
Марчевска

Оваа се кандидатите за пратеници на СДСМ. Доколку некој од нив се откаже од мандатот,
на негово место доаѓа следниот на листата.

Од Изборната едница (ИЕ) 1 – 3 мандати: Димитар Ковачевски, Моника Зајкова и
Даниела Николова.

Од ИЕ 2 – 2 мандати: Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи.

Од ИЕ 3 – 4 мандати: Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски и
Благој Бочварски.

Од ИЕ 4 – 5 мандати: Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња
Мираковска и Борче Цветков.

Од ИЕ 5 – 3 мандати: Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко
Трајчулески.

Од ИЕ 6 – 1 мандат: Славјанка Петровска.

Собранието ќе има 30 пратеници – етнички Албанци.кои доаѓаат од коалициите Европски фронт, ВЛЕН како и еден од СДСМ.

Во минатиот состав изгласан во 2022 имаше 32 мандати кои им припаѓаа на албанските пратеници.

Најголем дел од Албанците доаѓаат од изборната единица 6. Тука се избрани седум пратеници од редовите на коалицијата предводена од ДУИ, а исто толку народни претставници има и од ВЛЕН.

Во ИЕ 5 од Европскиот фронт има три мандати, ВЛЕН обезбеди само еден мандат. Во ИЕ 2 Фронтот доби 4 пратеници, додека ВЛЕН има 3. Од единица 2 пратеник е избран и Фатмир Битиќи од листата на СДСМ. Во изборната зона 1 двете коалиции од албанскиот блок имаат по двајца претставници.

Според последните податоци на Државната изборна комисија(ДИК) од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.