Кое е семејството Јовановски и кои се нивните релации со власта ?

Објавил: Узунов Бобан | 10 март, 2019 17:24

Кои се фамилијата Јовановски ? И сестрата на Борјан се вработила во македонската амбасада во Брисел

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Светлана Јовановска се вработила во македонската амбасада во Брисел како офицер за комуникации. Инаку нејзиниот брат Борјан е еден од главните медиумски подржувачи на актуелната власт преку телевизијата 1тв во која работи и порталот Нова ТВ.

Борјан Јовановски му е кум на министерот Никола Димитров од актуелниот брак а е во блиска релација и со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште од времето кога работеа заедно во кабинетот на покојниот претседател Борис Трајковски. Инаку Борјан Јовановски беше и голем медиумски промотор на т.н амстердамска тројка во која дел беше и Никола Димитров која се појави на почетокот на политичката криза во 2015 година и имаше за цел разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ.  


Во времето на владеење на СДСМ, кога Радмила Шекеринска беше вицепремиер, се случи најголемата афера во македонското новинарство. Скандалозната афера беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.

Во аферата Фабрика каде биле ангажирани новинари да фабрикуваат текстови во корист на Владата на СДСМ, беа споменувани многу новинарски имиња меѓу кој и Горан Теменугов, Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков и други. 


Семејството Јовановски  добива голем број на привилегии од актуелната власт. . Инаку Борјан Јовановски кој важи за човек близок да актуелната власт излобирал во чест на неговиот татко Мето Јовановски да се воведе нова државна награда за човекови права која ќе се доделува на истакнати општествени работници од оваа област.  Мето Јовановски беше лустриран од Комисијата за лустрација како соработник на службата со псевдоним „Метимир“. Тој бил на чело на Македонскиот ПЕН клуб – претходник на Хелсиншкиот комитет, токму во периодот на киднапирањето на Драган Богдановски и неговото осудување на 13 години затвор во 1979 година. Од депешата кои биле достапни на лустрациската комисија видно било дека ПЕН клубот под водство на Јовановски бил во директна соработка со службите за безбедност.

Да биде непотизмот уште поголем, нејзината ќерка Тања Милевска, по доаѓањето на СДСМ на власт, беше експресно вработена во државата новинска агенција МИА, како дописник токму од Брисел, град во кој со нејзината мајка живеат веќе подолги години.

Милевска, во неколку наврати беше откриена во пренесување на лажни вести преку државната новинска агенција.

Семејството Јовановски долги години се влијателна фамилија во медиумската сфера. Така своевремено Светлана Јовановска беше ангажирана во ВАЦ групацијата во поранешниот дневен весник Дневник, нејзината ќерка Тања Милевска беше известител за Канал 5 од Брисел, а Борјан беше уредник на емисијата Еврозум исто така од Брисел. Ова значи дека оваа фамилија своевремено го имаше ексклузивното право за известување од Брисел. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...