
Македонија
Политика
Коалицијата „Европскиот фронт“ освои 19 пратенички места. Само 10 од нив се на ДУИ, која ја предводи коалицијата. Другите се на ДПА, Народно движење, Алијанса за Албанците, Демократската партија на Турците и Движењето на Турците во Македонија за правда и демократија.
Оваа се кандидатите за пратеници. Доколку некој од нив се откаже од пратеничкиот мандат, за пратеник се избира следниот на пратеничката листа. Од Изборната единица (ИЕ) 1 – 2 мандати: Блерим Беџети и Илир Хасани. Од ИЕ 5 – 4 мандати: Зијадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли и Исмаил Јахоски. Од ИЕ 6 – 9 мандати: Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Тачи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати и Фатмире Исаки.
Собранието ќе има 30 пратеници – етнички Албанци.кои доаѓаат од коалициите Европски фронт, ВЛЕН како и еден од СДСМ.
Во минатиот состав изгласан во 2022 имаше 32 мандати кои им припаѓаа на албанските пратеници.
Најголем дел од Албанците доаѓаат од изборната единица 6. Тука се избрани седум пратеници од редовите на коалицијата предводена од ДУИ, а исто толку народни претставници има и од ВЛЕН.
Во ИЕ 5 од Европскиот фронт има три мандати, ВЛЕН обезбеди само еден мандат. Во ИЕ 2 Фронтот доби 4 пратеници, додека ВЛЕН има 3. Од единица 2 пратеник е избран и Фатмир Битиќи од листата на СДСМ. Во изборната зона 1 двете коалиции од албанскиот блок имаат по двајца претставници.
Според последните податоци на Државната изборна комисија(ДИК) од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари.
Види и ова:
Кои се народните избраници во новиот парламентарен состав? – magazin.mk
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.