-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 февруари, 2020 6:55

Кокаинот во Крушопек стигнал во пратка со банани (фото)

Фото/Текст извор: ©Фото: тв 21 магазин.мк

Полициска акција се спроведуваше во селото Крушопек, Сарај, каде е запленета голема количина на кокаин. Кокаинот бил откриен во пратка со банани.

Италијанските медиуми пишуваат дека е уапсен државјанин на Албанија кој во Европа внел 1,2 тони кокаин. Засега не е познато дали ова апсење е поврзано со акцијата на МВР во скопско Крушопек во која запленет е еден килограм кокаин. ФОТО: 21TV

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ја потврди акцијата за откривање недозволена трговија со дрога.

-Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности.

По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога, пишува Чулев на Фејсбук и додава дека целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата.

„Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден“, потенцира Чулев.

Целата пратка на дрогата чие потекло е од Колумбија, изнесувала 1,3 тони, но италијанската полиција го пресретнала каналот на шверц.

Полициската акција која вчера попладне се спроведуваше во Крушопек, Општина Сарај, е дел од голема меѓународна акција во борбата против трговијата со дрога во која учествувале италијанската полиција и американската ДЕА. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...