Ќе се избере ли нов Претседател на СОКОМ!?

Објавил: Стефан Каневче | 25 април, 2019 0:46

Кокан Димушевски ја напушти седницата на СОКОМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По скандалот во Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, на денешната вонредна седница на која се одржа во нивните простории со исклучена струја присуствуваа помалку од дваесетина членови на здружението, воглавно поддржувачи на музикологот Марко Коловски и композиторката Јана Андреевска кои се блиски партиски соработници на Роберт Алаѓазовски и Цветанка Ласкова.

Седницата помина во реалтивно мирна атмосфера, иако на самиот почеток демонстративно ја напуштил Кокан Димушевски од легендарниот бенд „Леб и сол“ кој насетил и реагирал против организираното наметнување на одлуки спротивни на Статутот на СОКОМ, и на некоректното однесување на Претседателот на Собранието Јане Коџабашија кој му го одземаше зборот.

Собранието наместо да отвори итна постапка за избор на нов претседател на СОКОМ како што е пропишано со Статутот, донесе одлука за назначување на времени органи.

Скандалозно, по препорака на присутниот адвокат од Прилеп Жарко Стеваноски кој беше обвинет за испишување графити за време на „шарената револуција“, за в.д. претседател беше избран Претседателот на Собранието, проф. д-р Јане Коџабашија. 

Адвокатот Жарко Стеваноски кој напиша „Че си лежите“ пред Општина Прилеп и беше ослободен од одговорност од Основниот суд во Прилеп, бил ангажиран од Јане Коџабашија а работел „про боно“.

 

Проф. д-р Јане Коџабашија е избран за в.д. Претседател на Претседателството на СОКОМ, а истовремено е и Претседател на Собранието на СОКОМ.

За членови на Претседателството на СОКОМ беа избрани Викторија Коларовска-Гмирја, Мирјана Шулајковска, Борис Светиев, Томе Манчев, Ана Пандевска и Фатос Лумани, а за членови на Надзорниот одбор избрани биле Елени Новаковска, Младен Марковиќ и Михајло Штерјев.

Изворот на магазин.мк посочува дека “Се чини дека во ваков состав на претседателството на СОКОМ во кои доминираат музиколозите во органите на СОКОМ, како никогаш до сега во историјата на СОКОМ, користејќи ги своите партиски позиции и блиски релации со актеулната власт, со притисок врз македонски автори преку укинување на средствата, добија значаен дел од управните органи на СОКОМ“.

Определен дел од македонските автори размислуваат за напуштање на СОКОМ поради ваквата ситуација во која музиколози треба да управуваат со нивното здружение и да ја креираат културната политика на македонските автори. 

Се чини дека не се во очекување на некакви позитивни промени во блиска иднина. Напротив, сметаат дека в.д. претседателот Јане Коџабашија, кој самиот е музиколог, нема да го почитува Статутот и итно да објави повик за пријавување на кандидати за нов претседател на СОКОМ. Од последната Вонредна седница помина повеќе од еден месец, период за кој можеше да се избере легитимен претстедател. Очигледно намерата била да се „намести“ претседател по желба на власта отколку да се избере во демократска законска постапка.

На овој начин, СОКОМ ќе стане заробена институција зависна и подлежна на желбите на власта и нивните поданици во кои најголемите права и благодети ќе ги имаат токму музиколозите наместо композиторите.

Последниот музиколог кој бил претседател на СОКОМ е токму Марко Коловски во периодот од 2008-2012 година, период во кој успеа во Статутот на СОКОМ да ги одземе ингеренциите неговиот наследник и да ги додели на Генералниот секретар, со кој водел други паралелни здруженија преку кои се стекнувале со огромни буџетски средства употребувајќи снимки од СОКОМ и Македонската Радио Телевизија. 

Паралелните здруженија генерирале помеѓу 500.000 и 1.000.000 денари годишно, а дополнително се исплаќани средства од СОКОМ кон истите. 

На изводот може да се види дека во 2012 година додека Марко Коловски бил претседател на СОКОМ, по фактура исплатил 60.000 денари во правниот субјект МИЦ каде истовремено бил управител. 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Веднаш интервенираше Брза помоши Боки е пренесен во болница. Но она што го скрена вниманието беше човек во униформа,  кој „културно“ го испраќа покажувајќи кон своите препони.

Ја засрами полициската униформа: Полицаец се фати за половиот орган додека го носат Боки 13 во болница!

Додека првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски го изнесуваат на носилка,...

Организатор на „Деновите на кочанскиот ориз" е Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри", библиотеката „Искра" и фолклорните друштва од регионот.

Манифестација “Денови на кочанскиот ориз” од 30 септември до 5 октомври!

Кочани од 30 септември до 5 октомври ќе биде домаќин на дваесет и осмото издание на манифестацијата...