Вчеравечер светскиот вице-шампион беше поразен за прв пат, од Унгарија која ја нема победено Хрватска од 1940 година.
Меѓу многубројните навивачи на Хрватска за време на мечот помеѓу Унгарија и Хрватска кој се одигра во Будимпешта, беше и претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, која речиси секогаш ги бодри и им дава поддршка на фудбалерите.
Па откако Унгарија го урна светскиот вицешампион со 2-1, претседателката била видно вознемирена дури во еден момент и започнала да плаче.
Како што пренесуваат тамошните медиуми Колинда била во работна посета на Унгарија, а цело попладне и вечер се фотографирала со навивачите и навивала за хрватските фудбалери.
Инаку за време на овој меч таа
постојано навивала и ги бодрела своите миленици, кои за жал не успеаа да донесат победа на Хрватска. Колинда ги бодреше своите фудбалери и на Светското првенство во Русија а по спектакуларната победа таа им се придружи во славењето во соблекувалната.
Инаку по вчерашната победа Унгарија буквално изненади, бидејќи од далечната 1940 ја нема победено Хрватска, односно од тогаш кога Хрватска имала неофицијална репрезентација, додека се уште била во склоп на Југославија.
Вице шампионот Хрватска, засега останува на три бода, колку што сега имаат Словачка и Унгарија, додека Велс исто така има три бода, но има одиграно само еден меч.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.