возењето велосипед ги зајакнува, зацврстува и обликува мускулите на нозете и задникот

Објавил: Македонка Димкин | 17 септември, 2022 7:16

Колку време треба да возите велосипед за да ослабете?

Фото/Текст извор: ©Факултети

Возењето велосипед е одлично и за физичкото и за менталното здравје. Освен тоа, ова превозно средство најмалку ја загадува природната средина.

– Една од најважните придобивки од оваа активност е позитивното влијание врз срцето и циркулаторниот систем. За време на возењето велосипед голем број мускулни групи се вклучени во циклични движења, додека циркулаторниот и респираторниот систем се постојано под стрес. Освен тоа, возењето велосипед го намалува ризикот од најчестите болести: болести на циркулаторниот систем, рак, дијабетес и помага во борбата против стресот и депресијата. Истражувањата покажуваат дека умереното возење велосипед трипати неделно го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта, со што значително го намалува ризикот од срцеви заболувања, а е корисно и за превенција од остеопороза – вели д-р Андрија Штампар.

Докторот додава дека возењето велосипед ги зајакнува, зацврстува и обликува мускулите на нозете и задникот, а се зајакнуваат и стомачните и грбните мускули што го поддржуваат ‘рбетот.

За разлика од трчањето, кога човек вози велосипед не им предизвикува стрес на зглобовите на нозете, колената и ‘рбетот.

Во продолжение ви нудиме уште неколку добри причини зошто треба да возите велосипед секој ден.

Создава рамнотежа во метаболизмот

Возењето велосипед помага во регулирањето на телесната тежина, согорувањето калории и слабеењето и создава рамнотежа во метаболизмот. Побрзото и понапорно возење придонесува за губење на тежината. Експертите препорачуваат да возите велосипед по 50 минути секој ден доколку сакате да изгубите тежина и да го забрзате метаболизмот. Со текот на времето можете да го забрзате темпото на возење и/или да барате потешки патеки за возење.

Возењето велосипед релаксира и го намалува стресот

Возењето велосипед ја намалува напнатоста, го зголемува лачењето на ендорфинските хормони што влијаат врз доброто расположение. Исто така, го подигнува нивото на енергија за 20 отсто и го намалува количеството на акумулиран замор за 65 отсто бидејќи го стимулира мозокот да лачи хормон поврзан со количината на енергија – допамин. Возењето велосипед е здраво и ги прави луѓето посреќни.

Возењето велосипед придонесува за почист воздух

25-минутно возење со велосипед на дневно ниво наместо возење автомобил може да ја намали емисијата на јаглероден диоксид за 165 килограми на годишно ниво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.

ГРОЗЈЕ – природен лек за чистење на крвта

Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно...

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...