До Ахмети

Објавил: Калина Мартинска | 30 септември, 2024 15:19

„Команданте ние сме спремни“ осамна на автопатот кај Сарај

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Транспарент со ликот на лидерот на ДУИ Али Ахмети утрово е поставен на еден надвозник на автопатот Скопје – Тетово, веднаш после населеното место Сарај.

На транспарентот покрај ликот на Ахмети на албански јазик е напишана и порака „Команданте, ние сме спремни“. Сличен транспарент се појави и во Шуто Оризари.

“МВР е подготвено да одговори на секакви предизвици во иднина. Предизвици кои ќе бидат насочени кон дестабилизација на Македонија, доколку ги има како такви во реалноста во иднина, жестоко ќе одговориме.
МВР е подготвена да одговори на секакви предизвици. Така да, сето она што сме го говореле во минатото од аспект на обиди кои што, видовме дел од нив и во минатото, во овие да речеме месец дена, од аспект на обиди за подгревање на меѓуетнички тензии дека се реалност, соодветно одговоривме и ќе одговориме во иднина. “ – рече Тошковски.

Изјавата на Тошковски доаѓа откако синоќа во Мала Речица заседаваше раководството на ДУИ. Тие по состанокот на социјалните мрежи објавија дека се спремни а постојавија и прашање „Дали вие сте спремни“?

Тошковски: Ќе бидеме жестоки – има обид за подгревање меѓуетнички тензии

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.