Мухамед Красниќи алијас Командант Малишева иако веќе осуден на доживотен затвор за терористичкиот напад во кумановско "Диво Насеље" побара амнестија од премиерот Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 9:30

Командант Малишева од затвор со желби за промени во Уставот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мухамед Красниќи алијас Командант Малишева, еден од осудените на доживотен затвор за вооружената престрелка кај „Диво Насеље„ со апел на социјалните мрежи за поддршка на уставните измени и премиерот Заев.

Апел кон сите албански партии во Северна Македонија. Ја користам приликата да ги повикам албанските партии да ги спојат идеите со цел после отварањето на Уставот да ги искористат овие прилики и да им стават крај еднаш засекогаш на недоразбирањата и да ја постигнат целта за витализирање на правата кои му припаѓаат на албанскиот народ, не заборавајќи дека Албанците се уставотворен народ.

Не ги заборавајте паднатите борци од 2001 па се до мај 2015 во Куманово. Приликата е идеална бидејќи и премиерот Зоран Заев е заинтересиран за затварање на отворените прашања и со Албанците. Ако не го направите ова да знаете дека народот ке ве проколни и ке умирате секој ден!

Слава на паднатите борци.

Оружената престрелка меѓу терористичката група и полицијата се случи на 9 и 10 мај 2015 година. Жителите на кумановското Диво Насеље рано изутрината ги разбудија рафали кои продолжија во наредните 48 часа, држејќи ја под опсада населбата.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои претседателот Ѓорге Иванов посмртно ги одликува со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на земјава.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група. Како што тогаш информираше МВР, криминално-терористичката група броела четириесетина членови.

Во борбите со полицијата биле убиени 10 членови на групата, а се предале 28.

Како водачи на групата се посочуваат Мухамед Красниќи – командант Малишева, Мирсад Ндрецај (командант Нато), Сами Укшини – командант Соколи и други. Истата група беше посочена и дека претходно го извршила нападот на караулата Гошинце. Полицијата го осуетила нивниот план за напади на државни и на цивилни цели.

Во ноември 2017 година, Основен суд Скопје 1 ги изрече првостепените пресуди против обвинетите. Осуммина обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните во кумановско Диво Насеље добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор.

Косовската влада во февруари годинава донесе одлука на семејствата на осудените во случајот „Дива Населба“ да им исплати 219 илјади евра. Средствата им беа доделени на семејствата на осудените за тие да ги покријат трошоците во судската постапка.

Премиерот Рамуш Харадинај даде објаснување дека за секое семејство се доделуваат по 10 илјади евра.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...