Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата!

Објавил: Стојче Бушин | 27 јули, 2020 14:08

Комерцијална банка: Исплатата на јулските пензии започнува на 28.07.2020 година

Фото/Текст извор: ©Банкарство.мк

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јули од вторник, 28.07.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од утре и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

  • вторник 28.07.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари;
  • среда 29.07.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари;
  • четврток 30.07.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари;
  • петок 31.07.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

Со цел да се намалат редиците и да се заштити здравјето од коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, Банката апелира при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Ова е најголемо намалување од почетокот на статистиката од 1995-та година. Во првиот квартал, БДП-то во еврозоната падна за 3,7%, додека оној на ЕУ падна за 3,3%.

БДП-то на ЕУ и евро-зоната со најголем пад од 1995-та во периодот од април до јуни

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се намали за 11,8% во вториот квартал во...

Се очекува во своите понуди банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да им се помогне на клиентите што се погодени од ковид-кризата.

Банките може да ја одложат отплатата на кредитите уште 6 месеци, одлучи Народна банка

Народната банка, по неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација...

Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5%), Рударство и вадење камен (15,9%) и Образование (13,6 %).

Просечната нето-плата во јуни изнесувала 26.867 денари

Просечна нето плата по вработен во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос...