Истовремено, за Асоцијацијата на приватните градинки „ Полет“, ова е супер вест и велат дека со нетрпение ќе ја чекаат и одлуката на Владата да ја прифати препорката на Комисијата за заразни болести за отворање на вратите за најмалите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 16:01

Комисијата за заразни болести даде зелено светло за отворање на градинките

Фото/Текст извор: ©фактор.мк

На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За Фактор откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згрижуваат деца од претшколска возраст.

-Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

До денес, беше неизвесно дали и во септември ќе бидат отворени градинките…

Истовремено, за Асоцијацијата на приватните градинки „ Полет“, ова е супер вест и велат дека со нетрпение ќе ја чекаат и одлуката на Владата да ја прифати препорката на Комисијата за заразни болести за отворање на вратите за најмалите.

-Ова е навистина супер вест. За ова се боревме сите овие месеци, но за жал епидемиолошката состојба не дозволуваше да работиме. Целосно се сложуваме со препораката на Комисијата дека треба да работат оние градинки кои ги исполнуваат условите за реализирање на протоколите и мерките за заштита од вирусот. Ние како Асоцијација на приватни градинки целосно ќе се придржуваме до нив за да биде безбедно по здравјето и на децата и на вработените. Се уште сме подготвени да се формира и комисија која би ги менувала протоколите во зависност од епидемиолошката состојба, бидејќи едни се протоколите за летен период, а други за есенски и зимски период, вели претседателот на „Полет“, Андреј Поповски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...