Сите досегашни мерки и предлози до Владата, велат оттаму, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 мај, 2020 17:09

Комисијата за заразни болести демантира дека донела одлука за олабавување на мерките!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

Сите досегашни мерки и предлози до Владата, велат оттаму, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.

Според најновите податоци од Министерството за здравство, вирусот се уште е активен во Македонија, денеска починаа три пациенти а беа регистрирани 16 нови заболени. Дали ќе се продолжи вонредната состојба или пак ќе се укине полицискиот час останува да видиме…

– Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи д-р Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести, посочуваат во соопштението. 

Утринава во медиумите беше објавена веста дека од утре ќе започнат да работат кафулињата и кафеаните, а и повторно отворање на границите се очекува од 1 јуни во договор со соедните држави, како и за укинување на полицискиот час со оглед на тоа што не се почитува.

Денеска е закажана владина седница на која ќе се разговара за евентуално намалување на полицискиот час, оваа недела завршува и вонредната состојба, но нема никаква најава за нова, а од утре се отвораат и кафулињата и кафеаните иако бројот на заболени не се намалува….

Според последните податоци расте бројот на жртви и заразени од коронавирус во Македонија. Денеска починаа Три лица а регистрирани се 16 нови пациенти.

Во последните 24 часа направени се само 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2015, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола, претседателот на СДСМ Заев одговори дека првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за сегашнаа градоначалничка и за уште неколку квалитетни луѓе.

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник...

Судот го ослободи од обвинение како поттикнувач во случајот Тортура за начинот на апсењето на лидерот на ОМ Љубе Бошковски во 2011, ден по изборите. Ослободени се и припадниците на алфите.

Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинение за случајот „Тортура“

По две осудителни, прва ослободителна преесуда за екс шефот на УБК Сашо Мијалков. Судот...

Спроводот следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на 7 години затвор, додека Јовановски на 9.

И Катица Јанева е спроведена во Идризово

По Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во затворот во Идризово е спроведена и поранешната...

Силјановска Давкова: Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

Ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Бехтел и Енка договорот затоа што немаше реална аргументација од власта

На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина...