
Македонија
Вести
Комисијата за заразни болести, препорача да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од натамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.
Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.
Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.
Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.
Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.