Министерот посочи дека сите воведени мерки за заштита од Ковид-19 траеа доволно долго посочувајќи дека доволно траеше и продолжувањето на породилното отсуство, односно шест месеци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 13:20

Комисијата за здравство ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Овој викенд Комисијата за здравство ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата, информираше министерот за здравство Венко Филипче при денешната посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

-Ќе се донесе позитивна одлука исто како што се носи одлука и за исклучоците во сите други училишта, односно ако бројката на децата е толку мал да никако не ја загрозува нивната безбедност, односно да нема дополнителен епидемиолошки ризик што одредена група на деца ќе остане и после завршувањето на смената. Предност што е тоа истата група на деца, значи не се зголемуваат контактите, тие биле во контакт претходно, сега само се зголемува времето на престојот, појасни Филипче.

Министерот посочи дека сите воведени мерки за заштита од Ковид-19 траеа доволно долго посочувајќи дека доволно траеше и продолжувањето на породилното отсуство, односно шест месеци.

-Ги укажаа нивните барања, ги слушнавме нивните аргументи и остануваме и понатаму во континуирана комуникација. Во однос на градинките развиени е алгоритми како и што се поставува кога ќе се дијагностицира дете, направени се протоколи за работи. И морам да кажам дека секојдневно ја следиме ситуацијата. Имаше земји каде што нагло се отворија училиштата или градинките и тоа придонесе да тие делумно или целоно се затворат. Еве видете што се случува во Израел. Но јас верувам дека овој постепен влез и постепено пуштање на одредени групи ќе донесе да тоа го избегнеме. Секојдневно ја пратиме ситуацијата и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките, информираше Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...