Неизвршената група пресуди од страна на Бугарија повторно се најдоа на дневниот ред на Комитетот на министрите на Советот на Европа, по втор пат за една година и повторно констатацијата е иста – пресудите не се извршени.

Објавил: Едмонд Бекири | 10 декември, 2022 15:29

Комитет на министри на СЕ: Бугарија да дозволи регистрација на здруженија на македонското малцинство

Фото/Текст извор: ©fokus

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз основа на мотиви кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, побара извршниот орган на најстарата паневропска организација на 451. состанок на Комитетот на министри на Совет на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Неизвршената група пресуди од страна на Бугарија повторно се најдоа на дневниот ред на Комитетот на министрите на Советот на Европа, по втор пат за една година и повторно констатацијата е иста – пресудите не се извршени.

Станува збор за пресудите 59491/00 Обединета македонска организација Илинден и други од 19.01.2006 година, конечна на 19.04.2006 година; 34960/04 Обединета македонска организација Илинден и други бр.2 од 18.10.2011, конечна на 03.08.2012; 29496/16 Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 3) од 11.01.2018, конечна на 11.04.2018, 70502/13 Јордан Иванов и други од 11.01.2018 до 11.04.2018; 67197/13 Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија и Радонов од 28.05.2020 конечна на 28.05.2020; 23702/15 Василев и Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор од 28.05.2020, конечна на 28.05.2020 година, кои се разгледуваат како „комплексен проблем“.

Комитетот на министрите во својата одлука потсети дека оваа група случаи се однесува на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија со цел да се добие признавање на „македонското малцинство во Бугарија“, врз основа на опасност за националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (цели насочени кон „признавање на македонското малцинство“ и наводни сепаратистички идеи) и за уставна забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и неуспехот да се усогласат со законските формални барања, кои според Европскиот суд за човекови права претставуваат повреда на член 11 од Европската конвенција за човекови права.

Комитетот на министрите жали поради фактот што, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција и последователните одлуки, повеќе од 16 години по првата правосилна пресуда во оваа група, здруженијата кои имаат за цел „да добијат признавање на македонското малцинство“ продолжуваат да бидат рутински одбиени за регистрација, првенствено поради поширок проблем на неодобрување на нивните цели и да се соочат со континуирана практика од страна на властите да покренуваат нови основи за одбивање, дури и кога записите на документите биле прегледани неколку пати“.

Комитетот забележа со загриженост дека здружението Граѓанско здружение за заштита на основните индивидуални права е дефинитивно распуштено, поради причини поврзани со негативна оценка на неговите цели, отфрлени од Европскиот суд во сегашните пресуди, а не поради реални незаконски активности. Тој повторно нагласи дека сегашните пресуди не создаваат обврска за признавање на група на лица како малцинство, но јасно бараат од националните власти да не одбиваат регистрација врз основа на кои Европскиот суд постојано ги одбивал во однос на целите на здруженијата.

Извршниот орган на Советот на Европа потсетува на позитивните мерки што претходно ги усвоија бугарските власти, вклучително и законските измени од 2018 година кои воведоа нова административна процедура за регистрација. Понатаму забележуваат дека властите неодамна објавија „Главни позиции“ за регистрационите службеници и прирачник за здруженија за условите за регистрација и потсетуваат дека тие вклучиле порака на високо ниво за извршувањето на овие случаи во писмото од министерот за правда од октомври 2021 година , но изразуваат загриженост дека овие мерки не ја усогласиле практиката на Агенцијата за регистрација и судовите на барањата на Конвенцијата.

Советот на Европа преку својот Комитетот на министрите ги повика властите да ги преземат сите неопходни отворени мерки за целосно усогласување со Привремената резолуција CM/ResDH(2020)197 и последователните одлуки, особено со обезбедување дека секое ново барање за регистрација од страна на здруженијата апликанти или слични здруженија се разгледува во целосна согласност со член 11 од Конвенцијата и проширување на обврската на Агенцијата да дава инструкции за исправка на евиденцијата за регистрација.

Тој, понатаму забележа дека за да се овозможи опиплив напредок во овие случаи, Агенцијата и надлежните судови, како што посочија, не треба да одбиваат регистрација на здруженија кои имаат за цел да добијат „признавање на македонското малцинство во Бугарија“ врз основа на кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд во овие случаи и дека треба сеопфатно да ги идентификува сите недостатоци во документите за регистрација на здруженијата апликанти и слични здруженија;

Бугарија и понатаму останува следена во спроведувањето, поточно неспроведувањето на оваа група на пресуди од страна на Комитетот на Министрите о побара од властите да дадат информации за сите горенаведени прашања до 31 мај 2023 година и одлучија да го продолжат разгледувањето на овие случаи на нивниот 1475 состанок (закажан за септември 2023 година) (ДХ).

Советот на Европа ја изјавува својата подготвеност, во отсуство на опиплив напредок пред нивниот состанок во септември 2023 година, да го поканат претседавачот на Комитетот на министри да испрати писмо до бугарските власти барајќи од нив да најдат брзи решенија со цел целосно и ефективно да ги почитуваат нивните обврски кои произлегуваат од пресудите на Судот во овие случаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...