Тие му ја посветија втората европска круна на ракометниот клуб Вардар на својот другар од трибината Никола Саздовски – Саздо,

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2019 15:12

Комити со трогателна порака за Саздо: Дали на небото ги почувствува вибрациите од вчерашната прослава?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Навивачката група Комити, кои воедно се и најверните навивачи на Вардар, упатија трогателна порака до трагично загинатиот Никола Саздовски Саздо.

Навивачката група Комити со трогателна порака за Саздо

Тие му ја посветија втората европска титула која ја освои ракометниот клуб Вардар на својот другар од трибината Никола Саздовски – Саздо, кој минатата година за жал им подлегна на повредите и почина откако беше брутално претепан на автобуска станица во скопската населба Автокоманда.

„Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија“, стои во пораката на Комити. Ги чу ли песните кои ечеа на Аеродромот кога се појавија хероите?
Ја слушна ли химната на Македонија како одекна од плоштадот Македонија како никогаш предходно?
Допре ли до тебе Комитската химна отпеана на крајот на прославата? “За една љубов живееме…” отпеана од 150.000 грла, таа Саздо, а не ‘Ајде ајде ајде Вардаре’ која ја знаат сите…
Дали на небото ги почувствува вибрациите создадени од адреналинската бомба, како во оние времиња кога заедно го правевме тоа на трибина во еуфорија, во моментите кога сите во еден глас скандираа “Никогаш Северна, Само Македонија”?
Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе Шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија !!!
Почивај во мир брату наш ! стои на Фејсбук профилот на комити.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од Основното јавно обвинителство информираа дека девојката Ангела Ѓ. е една од двајцата уапсени, осомничени за убиството на Пино чие тело беше пронајдено во атарот на селото Љуботен. Првоосомничениот Али Фуркан се уште е во бегство.

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре ќе се врши оценка на обвинението на убиецот на Пино, Ангела Георгиевска!

Момче со ведрина и желба за живот, мајката на Пино Маја Трпковска вака го опишуваше...

Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија...

– Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, истакна Заев.

Заев: Очекуваме одлука сега и веднаш, одложувањето ќе има негативни последици

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите...