Јас јавно се извинив, политичарот тоа нема да го направи, напиша Хаџиевски

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 9:22

Комора на психолози ќе расправа за навредливиот статус на ФБ на психологот Хаџиевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комората на психолози остро ги осудува и се оградува од навредливите и дискриминирачки ставови објавени на приватен ФБ профил на член на комората, пишува Ако.мк.

Управниот одбор на комората свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан ли ќе се преземат соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите, сооштиј аод Комората на психолози.

Станува збор за психологот Јове Хаџиевски кој објави навредлив статус за децата со Даунов синдром, зсамо за да го критикува премиерот Зоран Заев.

По ова имаше бурни реакции на социјалните мрежи.

Оваа личност не завршува тука со навредите. Неговиот ФБ профил е шпреполн со навреди и омаловажувања. Како на пример ,,стока северџанска“ и слично. Овој психолог е поддржувач на Бојкотирам и заговара бојкот на изборите.

Ја избришал и објавата во која се извинува, а вели:

Намерата не ми беше да ги омаловажувам децата со даунов синдром, туку да укажам на тоа како некој не бира ништо, па дури и децата со даунов синдром за да добие политички поени.

Јас сум работел со деца со даунов синдром и знам колку се тие емоционално топли и мили.

Но, во постот тие не беа цел, туку политичарот кој ги користи во свои себични политички цели.

Немам намера да се правдам, затоа и реков, намерата беше друга, очигледно контекстот што го одбрав беше погрешен.

Јас јавно се извинив. Политичарот тоа нема да го направи, напиша Хаџиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.